Не го фрлајте ТАЛОГОТ ОД КАФЕ: Погледнете што може да направите од него!

Tалогот секогаш оди во корпата за отпадоци бидејќи се смета за неупотреблив. Меѓутоа, неговите алтернативни употреби би ви обезбедиле заштеда на време и пари при вршењето на некои споредни работи за себе или за домот.1. Одлично решение за чешлање на вашето милениче
Можеби звучи чудно,  но талогот од кафето помешан со вода, може да претставува одличен регенератор за расчешлување за вашето домашно милениче. По неколку триења, крзното станува помеко а влакното посјајно и лесно за чешлање. Некои одат дотаму што велат дека, ги отстранува болвите и другите паразити од крзното, меѓутоа ова се уште не е доволно тестирано и докажано.
2. Дезодоранс за фрижидер
Чувањето на различни видови храна во фрижидерот може да доведе до создавање на многу непријатна миризба. Измешаната миризба можете лесно да ја неутрализирате доколку во фрижидерот ставите сад со талог од кафе и неколку капки екстракт од ванила кој потоа ќе ја апсорбира миризбата.
3. Пилинг за лице
Триењето на лице со кафе е смешна но одлична идеја. Кафето го отстранува мртвото ткиво од кожата и го затегнува. Може да ви зачува илјадници денари.
4. Отстранувач на миризба од чевли
Активните луѓе и миризливите нозе обично oдат заедно. Талогот од кафето може да ви помогне да го намалите непријатниот мирис од чевлите или пак доколку сакате навистина да не ви мирисаат нозете тогаш можете редовно да ги миете со вода и екстракт од кафе.
5. За посјајна коса
Секој сака да има блескава и сјајна коса. Некои луѓе фрлаат многу пари само да направат нивната коса да изгледа подобро и да изгледаат посамоуверено. Едноставно и многу поевтино ќе поминете доколку ја протриете косата со талог од кафе, потоа да почекате неколку минути и на крај убаво да ја измиете. Вашата коса ќе го добие посакуваниот холивудски изглед.

 
6. Ослободете се од домашните мравки
Мравките можат да бидат доста досадни, а што е најтрагично тешко можете да се ослободите од нив. Но за некое чудо, мравките не го сакаат мирисот на кафето, па затоа за да не ви пречат најдете од каде доаѓаат и запрете ги малите штетници.
7. Боја за сликање
Доколку добро ја измешате смесата, кафето може да ви претставува одлична кафеава фарба за сликање на ткаенини или уметнички дела а во комбинација со кна може да претставува одлична боја за тетовирање.
8. Чистење на масни површини
Kафето е одличен начин за чистење на масни и валкани површини. Користете го само талогот или во комбинација со него ставете малку детергент за садови и добивате одлично средство за чистење.
9. Ја чува градината од мачки
Измешајте малку талог од кафе со кора од портокал кај оние растенија со кои не сакате да биде во допир вашата мачка.
10. За поголем род кај морковите
Измешајте свеж талог од кафе со ситните семки од моркови кога ќе ги садите и ќе имате подобар род, а ова ќе ви помогне и да го заштитите морковот од црви.1. Одлично решение за чешлање на вашето милениче
Можеби звучи чудно,  но талогот од кафето помешан со вода, може да п

Пронајдете не на следниве мрежи: