НЕ ГО САКАМ СЕКСОТ, ЈАС СУМ КУКЛА: Драматична исповед на човечката Барбика!

Украинката која е позната како „реална Барбика“, ја шокираше јавноста со својот став: „Ми се гади од идејата да имам деца, повеќе би сакала да умрам во најголеми маки“.Украинката Валерија Лукијанова (28), позната како реална Барбика, иако е во брак со својот „Кен“ Дмитриј Шкрабов, вели дека не сака да има секс. Тврди дека телесната привлечност е животински инстинкт кој таа не го поседува.
Валерија навистина верува дека е кукла. Таа со нејзиниот сопруг живее во „отворен брак“, а вели дека се наоѓа во „паралелен универзум во кој нема полови и во кој нема деца“.

„Ми се гади од идејата да имам деца. Поголемиот дел од луѓето имаат деца само за да си ги исполнат сопствените амбиции. Сакаат да одгледаат доктор или писател. Од друга страна, постојат очајни жени во триесеттите, кои би сакале некој да ги сака. Зошто? Само за на посмртната постела некој да им донесе чаша вода. Повеќе би сакала да умрам во најголеми маки, отколку да имам деца. Семејниот живот е најлошата работа на светот“, вели Валерија.
Иако не сака да признае, изгледа дека барем малку се грижи за семејството. Поради сопругот Дмитриј станала вегетаријанка и го засакала планинарењето.
„Дмитриј секогаш е на моја страна. Ме поддржува. Ме сака и кога сум нашминкана и кога сум без шминка“, вели Валерија.
Украинката Валерија Лукијанова (28), позната како реална Барбика, иако е во брак со својот „Кен“ Дмитриј Шкрабов, вели дека не сака да

Пронајдете не на следниве мрежи: