НЕ МОЛЧИ ПОВЕЌЕ: Жељко откри сè за Ивана – девојката која беше пронајдена мртва во белградскиот хотел

Сопственикот на „Пинк медија груп“ Жељко Митровиќ во саботата вечерта кај Ивана Вучиќевиќ во емисијата „Панорама“ на ТВ студио Б прв пат јавно проговори за собата со број 326 во „Хајат“ и смртта на својата блиска пријателка Ивана Бакиќ Бодрожиќ. Тој отворено раскажа што точно се случувало таа ноќ во хотелот, до каде стигна истрагата, но и колку бил близок со покојната Ивана.
– Ивана беше моја блиска пријателка и многу свесно и намерно првиот ден се ставив во центар на тие случувања за истрагата што побрзо и подобро да се заврши. Нејзината мајка и јас во последните 4 години неколку пати ја враќавме во живот, бидејќи таа се обидуваше истото да го направи и порано.
Нејзиното оправдување секогаш беше дека чувствувала силни болки во главата и тоа е единствен начин да ги ублажи и јас верувам дека тоа е вистината. Јас за жал таа вечер не се видов со неа, тоа беше деловно пеколна недела за мене и не стигнав да ја видам. Имам мала грижа на совест поради тоа, бидејќи ако ја видев, можеби би и го спасил животот – вели Митровиќ и додава:
– Тоа што е вистина е дека Ивана е еден трагичен случај и дека настрада поради несовесно однесување на здравствените работници кои и ја продале анестезијата. Тоа не е дрога и не може да се купи туку така, јасно е дека тоа медицинско лице ја злоупотребило својата положба и лекот кој мора прецизно да се дозира под надзор на стручњак, и го продало на Ивана и ја пушти да се убие.

 

Жељко не крие дека и неговата сопруга била упатена во проблемите кои ги имал со настраданата девојка.
Со нејзината мајка со која исто така сум пријател, секој ден сум во контакт, добро се држи и прилично е нормална.
Мојата сопруга која ја сакам најмногу на светот, знаеше дека сум слаб на Ивана и знае за маките кои ги имавме јас и нејзината мајка околу неа – заклучува Митровиќ.
Собата ја изнајми заеднички пријател
Собата не ја изнајмив ниту јас ниту Пинк. Собата ја изнајми нашиот пријател Бане Стојановиќ кој живее во тој хотел и кога и да му треба на некој соба таму, му се јавуваме на него. 
Шок на погребот на Ивана: Жељко паѓал на гробот и барал Бог да го земе него…Повеќе за тоа прочитајте ТУКАТој отворено раскажа што точно се случувало таа ноќ во хотелот, до каде стигна истрагата, но и колку бил близок со покојната Ивана.
– Ивана

Пронајдете не на следниве мрежи: