Не можете да ослабете? Можеби не консумирате доволно леб

Јаглехидратите одамна ги “бие” лош глас, па затоа многумина избегнуваат да консумираат леб, компир и тестенини, сметајќи дека така ќе ги изгубат вишокот на килограми.Меѓутоа, австралиската нутриционистка и диететичарка Сузи Барел верува дека токму јаглехидратите се важен дел од исхраната и дека истите не смеат да се изостават. 
“Неспособноста за губење на масните наслаги е јасен знак дека внесувате премалку јаглехидрати, особено доколку редовно вежбате”, тврди Барел.

Таа препорачува барем еден час пред интензивното вежбање да се консумира оброк кој содржи помеѓу дваесет и триесет грама јаглехидрати, бидејќи на телото му е потребна глукоза која се согорува во текот на вежбањето.
Лицата кои имаат повеќе масни наслаги во организмот, можат да се ослонат на исхрана која се базира на влакна, протеини и маснотии, но и да не ги избегнуваат јаглехидратите кои содржат скроб.
Клучот, како што тврди таа, е во умереноста. Барел вели дека еден од знаците кој укажува на недостаток од јаглехидрати е лошиот здив, кој пак, е последица на доведување на организмот во состојба на кетоза.
 
Меѓутоа, австралиската нутриционистка и диететичарка Сузи Барел верува дека токму јаглехидратите се важен дел од исхраната и дека истите не смеат д

Пронајдете не на следниве мрежи: