сабота, 14 ноември 2026
Најново

Не се мазите после секс? Имаме лоши вести за вас!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На жените често им пречи тоа што нивниот партнер не сака да се мази после секс, и повеќе сака наместо неа, да ја прегрне перницата и да спие. За среќа на дамите, постојат начини да ги наговорите на мазење, а и тие да уживаат во тоа.Жената  не треба долго да ја уверувате дека е убаво да се прегрне со личноста покрај нејзе во креветот, но мажите, по сексот, често сакаат да се завртат на другата страна и да заспијат. Доколку и вие имате момче кое не сака да се мази после секс, ова се аргументите  со кои би можеле да го убедите во спротивното.
Подобро е за сексуалниот живот
Истражување на Иниверзитетот  во Торонто вели дека паровите кои се мазат по сексот имаат  подобар и поисполнет сексуален живот. Прегрнувањето и мазењето создава чувство на приврзаност, а истото чувство создава потреба за повеќе секс. Ова е одличен аргумент за сите мажи кои се жалат на недостаток на сексуални односи, а истовремено одбиваат да се мазат.
Ќе бидете посреќни во врската
Мазењето помеѓу останатото е заслужно за лачење на окситоцин, што значи дека ќе се чувствуваме посреќно и подобро доколку потрошиме барем пет минути за таа активност. За мажите кои не сфаќаат, среќна жена- значи среќна врска, а онаа помалку среќна… заклучете сами.

Ја лечи болката
Повторно окситоцинот кој помага, понекогаш е доволен само еден допир за болката која ја чувствуваме да се намали, а мазењето во ова помага многу. Ова е идеално решение за сите мажи чии жени ги „боли главата“ токму во времето кога би требало да дојде до секс. Можете да се мазите и пред и подоцна, а ниедна жена нема да го одбие тоа.
Го јакне имунитетот
И уште еднаш, господин окситоцин. Не велиме дека ќе ве спаси од грип, но греењето на драгата дефинитивно може да го зајакне вашиот имунитет и да ве спаси од настинка.
Води во втора рунда
Сите сме го доживеале ова, дури и кога сме исцрпени од секс, по неколку минути загревање едноставно не можеме да ги оттргнеме мислите за втора рунда. По втора рунда добриот сон е загарантиран, а сонот е важен за здравјето. На кратко – мазењето е здраво.Жената  не треба долго да ја уверувате дека е убаво да се прегрне со личноста покрај нејзе во креветот, но мажите, по сексот, често сакаат да

Поврзани вести