Не сте знаеле дека овие убавици се бисексуалки

Некои од најубавите жени  на светот сакаат и мажи и жени, и отворено зборуваат за тоа. Иако не ги кријат своите сексуални афинитети, интересно е тоа што повеќето луѓе ги знаат како хетеросексуалки. По повод вчерашниот ден одбележан како Светски ден на бисексуалноста, издвојуваме некои од најпознатите бисексуалки.Меган Фокс

Меган во 2011 година ги изнанади сите кога откри дека е бисексуалка.
„Мислам дека луѓето се раѓаат како бисексуалци, па подоцна донесуваат подсвесна одлука под влијание на општеството“, изјавила Меган тогаш, но и дека навистина смета дека мажите се „валкани“ и дека никогаш не би можела да биде со жена која веќе била со маж. Поточно кога би била лезбејка никогаш не би се забавувала со  бисексуалка, па сама за себе заклучила дека е лицемерна.
Ана Паквин

И таа е отворена по прашањето за својата бисексуалност
„За мене тоа не е проблем, бидејќи знам дека бисексуалноста всушност постои. Не е измислена работа. Не се работи за недостаток на одлука“, изјавила Ана.
Анџелина Џоли

Таа неколку пати била во врска со жени, а помеѓу останатите со манекенката Џени Шимицу. Анџелина никогаш не криела дека е би.
„Во минатото сакав жени и спиев со нив. Доколку сакате жена и скате да ја задоволите, ќе знаете посебно да го направите тоа доколку сте и вие жена“, вели Џоли.

Амбер Херд

Оваа убавица и девојка на Џони Деп отворено зборувала за тоа дека сака жени. Таа со новинарите на магазинот „Ел“ зборувала токму на оваа тема, и тогаш рекла дека сака да биде искрена кон светот
„Не сакав да испадне дека кријам нешто“, објаснила таа
Дру Баримор

Дру признала дека е бисексуалка во 2003 година.
„Дали  ми се допаѓаат жени во сексуална смисла? Да, дефинитивно. Одескогаш сметам дека сум бисексуалка. Мислам дека две жени заедно  се подеднакво убави, исто како што се и двајца мажи убави. Кога сте со жена, тоа е како да го истражувате сопственото тело“, рекла Дру.Меган Фокс

Пронајдете не на следниве мрежи: