Не запира револтот помеѓу Героски и Саше Политико

Не запира револтот кој меѓусебе си го истураат уредниците на порталите Плусинфо и Мактел. Иако Бранко Героски и Саше Ивановски-Политико, бранат иста политика на опозицијата, не можат да најдат “заеднички јазик“, па комуницираат дрско, со навреди и јавни прозивки.Ќе има или ќе нема нов весник, колку ќе чини и како ќе се вика?
Ова е новата тема за која промоторите на политиките на СДСМ, жолчно се свртеа еден против друг.
Прво Ивановски објави информација „Геро го најави новиот дневен весник: ќе се вика Правда и ќе се продава за 5 денари”.
Тој обелодени дека овој весник ќе биде финансиран од СОРОС и од бизнисмени блиски до СДСМ.
Героски возврати преку Фејсбук со зборовите: Неканет “кум“ на новиот весник- не Сашенце, нема да се вика „правда“.
Уредникот на Плусинфо го демантираше Мактел, нарекувајќи го Поликлинико и шутрак.
Изреволтиран од ваквиот одговор Политико зададе уште еден удар. Безобразен и дрзок, во негов стил, Ивановски вака му врати на Героски:

„Друже Геро, ти во последната твоја колумна спомена дека пиеш апчиња за притисок, но не е лошо да почнеш да пиеш и дијазепам затоа што никој не ти понуди соработка туку само ти посакавме среќа со новиот проект бе инфантилен копук низаеден!  Не се однесувај како мало дете на кое му купиле нова количка на батерии па се закануваш дека на никој нема да ја даваш да си игра,  Немој бе сите ќе ти се смеат. Сме згрешиле за името, сме згрешиле, ненамерна грешка која на крајот на краиштата ќе оди на наше конто ние губиме со тоа што лошо сме предвиделе што па ти толку се жестиш голем курац шо е битно толку како се вика, ние само споивме се што добивме како информација без да знаеме дека има два проекта за два весника! Ништо страшно а се викал Правда а се викал Пролетер, супер е само ти терај напред. Ние само си дадовме за слобода да го анализираме моменталниот пазар на весници и да укажеме кои се предизвиците со кои се соочуваат издавачите на весници а кои несомнено ќе бидат и твои предизвици. Немој да си бре до толку на врв срце и суетен јеботе, па полека, јавна личност си. Сепак ние не те исклеветивме дека си добил на подарок шлепер со цигли, како што ти нам ни направи, така да не се жали и не галами многу“, напиша тој
Ивановски смета дека она што “го извади од кожа“ неговиот колега е критиката дека според неговото признание не вложил свои пари во весникот со што сепак излегува дека е профитер и дека сака да си игра со туѓи пари.
Битката за главен советник на СДСМ продолжува.
Двајцата новинари блиски до раководството на опозицијата јавно ја водат својата битка. Се борат со своите ставови кои треба да им се допаднат на Бихаќка.Ќе има или ќе нема нов весник, колку ќе чини и како ќе се вика?
Ова е новата тема за која промоторите на политиките на СДСМ, жолчно се сврт

Пронајдете не на следниве мрежи: