Неделен хороскоп 03.02.2014- 09.02.2014

Неделен хороскоп 03.02.2014- 09.02.2014Овен
Во понеделник и вторник ќе чувствувате промени во воздухот и што е најважно, вие ќе бидете личноста која е подготвена да се менува. Посветете внимание на новите идеи и бизнис можности, кои не би било лошо да ги искористите во блиска иднина. Среда е ден кога треба да поработите на својата импулсивност – со некои избрзани реакции би можело да ги повредите чувствата на најмилите. Од среда па се до сабота, емоциите ќе ви бидат прилично нагласени и тогаш треба на помош да ги повикате дисциплината и вашите дипломатски способности, поготово во ситуациите кои се поврзани со вашата работа. Викендот искористете го за завршување на натрупаните обврски.
Бик
Не ги губете нервите поради малите работи со кои ќе се сретнувате од понеделник до среда. Потребно е да останете смирени и да не се трошите на детали, бидејќи веќе во среда попладне, постои можност да пропуштите некоја сјајна можност поврзана со работата, ако не постапите поинаку. Четврток е погоден за експериментирање – и мали промени во вашиот изглед ќе направат да се чувствувате задоволно во вашата кожа. Во сабота посветете внимание на вашите финансии. Не би било лошо да се посветите на планирање на вашиот куќен буџет, посебно ако во последно време имате трошено повеќе од сопствените можности.
Близнаци
Во понеделник ве очекуваат нови познанства. Во прашање се личности поврзани со вашата работа – нови соработници или клинети. Вторник ќе ви донесе извесни потешкотии во комуникацијата, но тогаш секако ќе треба да се посветите на индивидуалните проекти, па до недоразбирање не мора да дојде. Проблеми во партнерските односи можат да се појават во четврток, а се поради вашата желба да се посветите на себе и на своите барања. Најдете време за саканиот(ата) и недоразбирањата брзо ќе исчезнат. Сабота и недела се денови кога би било пожелно да се посветите на семејството или на уредување на вашиот дом.

 
Рак
Во почетокот на неделата немојте да стоите во место. Во понеделник следете ги своите емоции и направете го она што сакате. Нека не ве спречуваат предрасудите и мислењата на другите луѓе. Ако се плашите, ќе пропуштите многу работи. Во средината на неделата вашата креативност ќе биде на високо ниво, посебно во среда, кога ќе воодушевите некого. Во петок и за викендот веројанто ќе претерувате со деталите. Вдишете длабоко и одморете се малку. Во недела искористете го шармот да го добието она што го сакате.
Лав
Во почетокот на неделата преземете ризик посебно кога љубовта е во прашање. Во суштина, што и да е во прашање, резултатите ќе бидат позитивни и вие ќе бидете наградени за својот труд. Од понедленик навечер, па се до среда, обидете се да ја ставите под контрола вашата мрзлива страна на личноста. Опкружувањето ќе се обиде да ве повлече надоле и да ве направи негативни, но не го дозволувајте тоа. Вашиот ентузијазам, доколку се оддржи, до крајот на неделата би можело да ви донесе позитивни резултати на сите животни полиња. Во сабота навечер и во недела пронајдете начин да ја избегнете рутината и добро се забавувајте.
Девица
Во почетокот на неделата нема да се чувствувате најдобро и ќе бидете тешко прилагодливи на околината. Водете сметка да не бидете премногу критични кон другите луѓе. Ситуацијата ќе биде подобра од среда, и тоа од оној момент кога ќе дојдете во центарот на вниманието и ќе бидете опкружени со љубов. Во четврток, петок и сабота, ќе биде потребно да се фокусирате на мали детали. Вистинска забава ве очекува за викенд, кога неочекувано во вашиот живот ќе се појави некоја возбудлива личност. Во недела ве очекува финансиска добивка.

 
Вага
Очекувајте початокот на неделата да ви биде полн со возбудувања, а вие полни со ентузијазам. Нема да имате недостаток на ништо и просто ќе блескате. Веројатно луѓето од опкружувањето ќе сакаат да бидат во ваше друштво. Ваква енергија ќе ве прати се до среда. Во четврток, петок и сабота, посветете се на деталите и работете на некои мали рутински задачи, како не би ви се натрупале. За викенд посветете се на својот дом и исполнете ги обврските кои треба да ги завршите. Сеуште не е време за забава и одмор.
Скорпија
Ако оваа недела се чувствувате посебно великодушно, помогајте им на другите луѓе колку што можете. Вашата топлина и сериозното прифаќање на животот ќе одоговараат на сите кои ќе разговараат со вас. Се до среда ќе бидете во центарот на вниманието. Во четврток, петок и сабота, посветете се на долгорочното планирање кога е во прашање вашата љубовна врска. Во сабота и недела фокусирајте се на вашите пријатели. Излезете со нив и добро се забавувајте. Нема потреба да бидете премногу сомничави и и да се грижите премногу за своето здравје. Опуштете се повеќе.
Стрелец
Започнете ја оваа недела со организирање на некоја забава. Енергијата во вас ќе биде силна и експанзивна, па ќе биде потребно некаде да ја испразнете. Ако седете на едно место и дозволете премногу да се собере, лесно би можело да се случи да премине во негативна. Тек од четврток ќе бидете повторно способни да се смирете и вратете на секојдневните обврски. Ќе бидете позитивни и подготвени да ги исполните сите очекувања од околината. За викенд ве очекува изненадна емотивна средба.

 
Јарец
Потрудете се на почетокот на неделата да си ја гледате својата работа и да не се мешате во туѓите животи. Некои случувања ќе ја поременат вашата вообичаена рутина во понеделник, но вашата вродена рутина ќе ви помогне да останете со студена глава. Во среда, другите во вас ќе видат водач – најверојатно се работи за лица од вашето работно опкружување. Бидете великодушни кога се во прашање некои нови идеи и задржете го оптмистичниот став. Од четврток па се до сабота, посветете се на вашите пријатели. Бидете внимателен слушател и прифаќајте ја поддршката. Саботата е погодна за романтични средби и забава.
Водолија
Оваа недела ќе имате доста можности да се задоволите себеси и да работите што сакате! Понеделник е идеален за остварување на некои амбиции, најверојатно на оние кои ги имате од неодамна. Од понеделник навечер, па се до среда, некои потреби сепак е пожелно да ги ставите настрана, како не би дошле во судир сонекој кој ви е драг и важен. Четврток, петок и сабота поминете ги во дружење со драгите луѓе. Не само што ве очекува многу добра забава, туку ќе бидете и во можност да дознаете некоја тајна. Недела е погоден ден за одмор, медитација и дружење со партнерот.
Риби
Ве очекува напорна недела со многу деловни обврски. Слободно време речиси ќе немате. Партнерот ќе се чусвтвува запоставен и ќе имате конфлитки со него. Особено кон крајот на неделата. Внимавајте на здравјето. Овен
Во понеделник и вторник ќе чувствувате промени во воздухот и што е најважно, вие ќе бидете личноста која е подго

Пронајдете не на следниве мрежи: