Неделен хороскоп 10.03-16.03.2014

Неделен хороскоп 10.03-16.03.2014Овен
Во почетокот на неделата, посебно во понеделник, вашиот мозок ќе биде многу активен. Очекувајте силна меморија и духовност. Веројатно ќе увидете нешто што не сте можеле во претходниот период и да го решите проблемот кој ве мачи подолго време. Вашиот шарм ќе биде посебно изразен во вторник и среда, па ако имате во план некого да освоете, било би штета ова да го пропуштите. Кажете како се чуствувате! Четврток и петок ќе бидат обележани со романтика и убави работи, било да сте во врска или слободни. За викенд ќе посакувате нови предизвици. Задоволете ја својата детска личност некаде во природа и добро се забвувајте.
Бик
Во понеделник ќе бидете желни да научете нешто ново или да запознаете некој. Вашиот немирен дух просто ќе мора да ја задоволи оваа потреба. Немојте тоа да му го скратувате. Задоволете се така што ќе направите нешто што долго време го сакате. Во вторник и среда би можело да бидете опседнати со своето его и со својата положба во светот и општеството. Мала доза на самоувереност  е позитивно, но водете сметка да не претерате со егоцентризмот, бидејќи никој тоа нема да може да го трпи. За викенд следете ја својата интуиција. Имајате чуство за послабите и немоќните.
Близнаци
Бидет практични во понеделник. Ќе ја имате можноста, на крај да го доведете во ред делот од животот кој ви бил запоставен и несреден. После тоа, во вторник и среда водете сметка да не дојдете во конфликт со некој од кого зависете. Вашата директност, колку и да е лична, би можело премногу да ве чини. Во петок на работа ќе мора да ги употребите сите свои способности како би избегнале катастрофа. Водете сметка и за тоа да биде сконцентрирани. За викенд бидете со друштво. Осаменоста би можело да ве потсети на некоја загуба од минатото.

 
Рак
Посветете внимание на односот со саканите лица, и тоа уште на самиот почеток на неделата. Понеделникот донесува можност за некои интересни избори, ќе ви биде тешко да се одлучите, а ако сметате дека можете се да постигнете, тогаш веќе сега знаете што треба да направите. Во вторник и среда, заборавете на саможивоста и себичноста. Четврток е ден кога ќе бидете во можност да ги покажете вашите дипломатски способности. Исто така, тие денови потрудете се да бидете опкружени со вашите пријатели. За викенд, придржувајте се на поставените планови и задолжително исполнете ги сите дадени ветувања.
Лав
Потрудете се оваа недела да ги избегнувате конфликтните ситуации. Ако се најдете во друштво на поединци кои со вас не го делат мислењето на прашањата кои се битни за животот, надминте ја потребата да контактирате со нив. Во вторник и среда ќе биде компететивно настроени, но тоа воопшто не мора да биде лошо, туку напротив. Задравата комуникација, во вашиот случај, е повеќе од пожелна. Четврток е ден резервиран за компромиси. Ова посебно се однесува на вашиот љубовен живот. Потрудете се да не бидете ситничави – деталите навистина не се толку битни колку што мислите. Сабота е ден кога треба да бидете лишени од сите инхибиции.
Девица
Потрудете се уште на самиот почеток на неделата да се посветите на работата. Ќе имате толку многу работи пред вас, што само со добра организација ќе успеете да ги завршите. Побарајте помош, ако мислите дека сами нема да успеете се да постигнете. Среда е ден кога вашата способност за прилагодување ќе биде на тест. Многу е битно на некого да му покажете дека сте идеална личност и во тешки ситуации. Во четврток и петок, извесни предизвици на љубовен план ќе ви го расипат расположението, но не грижете се, нема долго да трае. За викенд задржете го ведрото расположение и потрудете се времето да го поминете со пријатни и релаксирачки луѓе.

 
Вага
Најважната работа оваа недела нека ви биде семејството. Во понеделник би можело да научите повторно да ги цените некои мали работи кои сте мислеле дкеа не се толку битни за среќа. Креативноста ќе ви биде на задоволително ниво од вторник, па се до четврток и ако имате доволно слободно време, свретете се кон хобиата во кои уживате. Некои информации ќе треба да ги споделите  со некоја помлада личност која нема многу животно искуство, најдоцна до петок. Сабота е ден кога треба да направите дистанца од некој чие друштво не ви одговара. Во недела заборавете на критицизмот, посебно оној насочен кон вас самите.
Скорпија
Може да очекувата прилив на инспирација и придвижувачка енергија уште во понеделник и вторник. Се што тие денови ќе започнете, многу брзо ќе ги даде своите резултати, а притоа неизмерно ќе уживате и во самиот креативен процес. Во среда, послушајте еден член на семејството, па дури и ако некои информации ги имате веќе слушнато неколку пати. Четврток ќе ви донесе пад во енергијата, па дури и работите во кои прилично уживате изгледа дека ќе ви донесат досада. Посакајте да се посветите на она што е најнеопходно. Петок е поволен на интелектуални разговори кои можат да преминат во флерт, секако ако тоа го сакате.
Стрелец
Мистеријата ќе биде секаде околу вас оваа недела, а една таинствена ситуација ќе ве начека неподготвени, но во позитивна смисла. Најверојатно се работи за информации за кои никогаш не би сте помислиле дека се вистинити. Во среда покажете, сочувство спрема некој кој е во неволја, па дури и ако е во прашање некој потполно непознат. Секое добро дело тој ден ќе биде наградено повеќекратно во блиска иднина. Во четврток и петок би било добро да се посветите на вашиот емотивен партнер и тие денови заборавете на другите чувства и обврски. Викендот ќе помине во знак на добра забава во која ќе биде вие главен актер.

 
Јарец
Неделата ќе ви започне прилично експлозивно и тоа во позитивна смисла. Понеделникот ви донесува авантуристички дух и силна желба за запознавање со  нови луѓе и места. Ако сте во можност отпатувајте некаде и забавувајте се. Во среда ќе морате да станете посериозни и да се вратите во нормала. Од вторник до петок, комуникацијата ќе ви биде посебно позитивна и би можело во текот на овие денови да склопите некои важни работи и договори. За викенд пронајдете начин да се релаксирате. Одморете се од работата во природа со луѓето кои ги сакате.
Водолија
Немојте да брзате. Обидете се да имате верба и трпение во почетокот на неделата, дури и ако имате чувство дека ќе експлодирате. Од понеделник вечерта па до среда, ќе имате чуство дека се има застанато на вашиот грб. Но после тоа, ќе ви се врати позитивната енергија и ентузијазмот што е многу атрактивна комбинација на сите животни полиња. Во петок фокусирајте се на деталите, бидејќи не е поволен момент за донесување на одлуки и работа на подолги стази. За викенд препуштете се на ризикот и јасно кажете како се чувствувате.
Риби
 
Во почетокот на неделата посоветувајте се со пријателите. Без оглед на вашиот инстинкт во понеделник, нема да бидете сигурни што треба да направите. Мал совет, многу ќе ви значи. Вторник и среда се поволни денови на сите животни полиња. Ѕвездите се така поставени, при што, се што ќе прифатите ќе ви оди од рака. Искористете го тоа за да го подобрите сето она што во животот не ви функционира. За викенд не се онерасположувајте ако не го добието тоа што го сакате. Однесувајте се зрело!
Извор: РепубликаОвен
Во почетокот на неделата, посебно во понеделник, вашиот мозок ќе биде многу активен. Очекувајте силна меморија и духо

Пронајдете не на следниве мрежи: