Неделен хороскоп 14.04.2014-20.04.2014

Неделен хороскоп 14.04.2014-20.04.2014Овен
Во почетокот на неделата ќе бидете повлечени и затворени во себе. Искористете го таквото расположение во понеделник и посветете се на средување на својот внатрешен свет. Добро се наспијте, размислувајте за своите планови, цели и обврски. Од среда ќе бидете посебно харизматични и шармантни и ќе можете да постигнете многу од тоа. Од четврток до крајот на неделата ќе бидете загрижени дека некој близок не е искрен со вас. Немојте премногу да се оптеретувате со тоа. Се што треба да дознаете, ќе дојде до вас кога ќе биде време за тоа.
Бик
Во понеделник сигурно ќе немате причина да се жалите на било што. Неделата ќе започне така што ќе бидете супер организирани и ќе ги исполнувате без проблеми сите задачи и цели кои ги имате. Во вторник и среда само ја пратите енергијата и следот на случувања. Немојте да се трудите по секоја цена нешто да постигнете. Работите се движат во правецот во кој што треба. Почнувајќи од четврток и во текот на викендот, очекувајте дека ќе бидете исклучително интелектуално моќни и длабоки. Немојте тоа да ве направи негативни, туку напротив. Радувајте се што сте надмоќни над околината.
 
Близнаци
Понеделникот ќе ви помине во знакот на деталите. Потрудете се успешно да ги испланирате сите обврски и да реализирате поголем дел од плановите, бидејќи остатокот од денот ветува добра забава. Среда и четврток се одлични денови за социјализација – посветете се на пријателите, поготово на оние кои во последно време ги имате запоставено. Со оглед на тоа што веќе извесен период се насочувате на активности кои исклучуваат присуство на луѓе, во петок не би било лошо да издвоите време за размислување за извесен проблем кој ве оптеретува подолго време. Решението е поблиску отколку што ви се чини. Викендот искористете го за кратко патување кое непланирано ќе ви искрсне – ваше е само да се согласите.

 
Рак
Понеделникот ќе помине во зголемена тензија и непријатно чувство кое е последица на неразбирањето или дури пак на судирот со вашите претпоставени. Ви сте некој кој се има затечено на погрешно место во погрешно време, и за жал, малку што може да промените, иако сте свесни дека сте во право. Потрудете се ова премногу да не ве допре, бидејќи во вторник и среда ве очекуваат релаксирачки, романтични моменти со вашиот партнер. Исто така, припадниците на овој хороскопски знак кои се сингл ќе имаат многу добра забава со пријателите, но и можност за едно ново познанство. Викендот ќе помине во еден краткотраен пад на расположението, кое една разговор со човек од доверба може да го поправи.
Лав
Вашите амбиции ќе бидат главен придвижувач и со оглед дека толку многу работи имате на ум, добро би било неделата да ја започенте со добра организација. Потрудете се некои од интересните идеи да ги забележите, бидејќи ќе бидете преокупирани со обврски како никогаш досега! Но сепак, време за дружење ќе имате во среда, а тогаш ќе дојдете и до некои информации кои засекогаш ќе ја променат сликата за едно пријателство. На подобро. Четврток е погоден ден за нови почетоци, било да се однесуваат на вашата работа или на приватниот живот. Ова е одличен ден за сите припадници на овој хороскопски знак кои малку ја имаат изгубено вербата во љубовта.
 
Девица
Посветете внимание кога се во прашање паричните позајмувања, бидејќи лесно може да се случи да бидете оштетени во понеделник или вторник. Некои личности лесно ќе ги „прочитате“, иако ќе се потрудат да се прикажат во најдобро светло. Среда и четврток се идеални за нови почетоци. Ако сте расположени нешто да научите, не би било лошо едукацијата да ја започнете баш во тие денови. Поврзете се со некој кој го имате запознаено од неодамна, но кој има афинитете кон слични работи како вие. Во четврток и петок, ќе бидете малку изгубени во морето на информации со кое ќе бидете опкружени, но не дозволувајте да ве збунуваат. Послушајте еден внатрешен глас како би знаеле што е најдобро за вас.

 
Вага
Во понеделник немојте да се двоумите околу една ситуација, дури и ако немате доволно информации или пак одговори. Послушајте еден член на семејството и отстранете ги сите сомнежи. Можноста која ви се укажува навистина е единствена и би можело да зажалите ако ја пропуштите. Среда и четврток се денови кога треба да се посветите на вашиот партнерски однос. Поработете на евентуалните проблеми и надминете ги постоечките недоразбирања кои најверојатно се резултат на лошата комуникација, а не на нешто сериозно. Во петок, држете се за себе, иако тоа ќе се коси со нечие мислење. Не дозволувајте да ве обвинуваат за работи за кои не сте виновни.
 
Скорпија
Во почетокот на неделата нема да бидете Вие. Вие воглавно сте опуштени и добро расположени, но во понеделник ќе ве обземат некои тешки емоции со кои никако нема да можете да се изборите. Во вторник и среда ќе имате сериозен разговор по прашање на семејните односи. На крај, се ќе заврши како што вие сакате и како што ви одговара. Во четврток, ако сакате нешто да сокриете, водете сметка како тоа ќе го изведете. Во петок и во текот на викендот, вашиот мозок ќе работи забрзано и ќе имате полно енергија. Ова ви донесува забава и добар провод.
Стрелец
Во понеделник ќе се обидете да го украдите вниманието на околината. Немој да мислите дека тие тоа нема да го приметат. Нема потреба од себе да правите кловн. Вие имате квалитети по кои сте препознатливи и луѓето од вашата околина тоа го знаат. На овој начин само може да паднете ниско во нивните очи. Во вторник и среда обидете се да ги слушате луѓето. Немојте да бидете своеглави, посебно кога љубовта е во прашање. Во четврток и петок ќе биде силно емотивни. Водете сметка да не претерате со реакциите и да направите голем проблем поради кој подоцна ќе мора долго да се извинувате.

 
 
Јарец
Понеделникот ви донесува некои интересни можности за службени разговори. Може да научите многу работи кои подоцна ќе ви бидат од корист и тоа од личност која од не многу одамна ја познавате. Потрудете се да бидете и внимателен слушател, а не личност која го има главниот збор. Вторник и среда се денови кога ќе бидете во прв план и кога за вас најмногу ќе се зборува – секако, благодарејќи на вашиот шарм и позитивно влијание на другите. Уживајте во вниманието кое го добивате, а исто така бидете отворени и за романтика. Од четврток па се до крајот на викендот, ќе размислувате за материјалните работи. Идеално би било да го реорганизирате домашниот буџет.
Водолија
Во понеделник држете се до распоредот. Во последно време имате запоставено многу работи и сега имате куп од обврски и незавршени задачи. Ако добро се организирате, нема околу што да се грижите. Во вторник и среда, кога љубовта е во прашање, немојте да одите во детали. Опуштете се како не би го уплашиле партнерот. Убаво е водете сметка и да бидете посветени, но вашето однесување лесно би можело да се протолкува како наметнувачко. За викенд ве очекува изненадна финансиска добивка на која потполно сте заборавиле. Почастете се себеси!
Риби
 
Понеделник ви донесува забава и флерт. Ќе бидете опкружени со интересни луѓе и просто ќе блескате. Комплименти, внимание, покани на состанок… очекувајте многу возбудувања. Во вторник ќе ви биде доста од рутината, па ќе ви се јави желба да направие нешто несекојдневно. Водете сметка да не претерате. Размазете се себеси, но немој да станете мрзливи. Почнувајќи од четврток, па се до крајот на неделата, вашата страст ќе биде на високо ниво. Ова ќе ви донесе низа на возбудувања. Љубовта тропа на вашата врата. Во недела водете сметка за тоа што јадете. Здравјето нека ви биде на прво место.Овен
Во почетокот на неделата ќе бидете повлечени и затворени во себе. Искористете го таквото расположение во понеде

Пронајдете не на следниве мрежи: