Неделен хороскоп 15.02-21.02.2016

Овен
 
Бик
Ве прати чувство на неизвесност во проценката на новите случувања на работната сцена, но потребно е активно да учествувате во различни преговори. Не криете дека вашите очекувања се големи, меѓутоа забележувате дека соработниците често го менуваат своето мислење или ставови. Потпрете се на својот практичен дух и на способноста за аналитичко расудување
Близнаци
Важно ви е да бидете забележани во работните кругови, поради тоа смислено испробувате нови стратешки потези. Но се има своја цена или разумна граница, до која ви е дозволено да импровизирате со своите оригинални идеи. Внимателно анализирајте ги своите соработници и прифатете добар совет, важно е да го споите она што ви е пријатно со корисно или практично решение.
Рак
Благодарение на добрата вештина за преговарање и прилагодување успевате да се вклопите во различните работни договори. Имате добро претчувство дека треба да покренете поглема акција и на основа на својата интуиција донесувате исправна одлука. Во договор со соработниците на лесен начин може да ги остварите своите итнереси. Проширете ги своите професионални интересирања во различни правци на изразување.
Лав
Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во најдобар момент и би ја подобриле својата позиција во однос на останатите соработници. Умеете да процените поволна ситуација и верувате во своето знаење и способности. Сепак, вашата блиц интелигенција и снаодливост во настапот пред соработниците донесува само краткорочни ефекти. 
Девица
Неочекувани промени или нови случувања на работната сцена го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но во свој типичен манир делувате многу енергично и не се откажувате од зацртаните цели. Умеете да пронајдете заобиколни и ефикасни решенија. Важно е да ги испочитувате зададените рокови и да придобиете нечија доверба. Ентузијазмот со кој настапувате пред својата околина, ќе се покаже од повеќестепена корист. 
Вага
Се обидувате да промените некои воспоставени правила кои владеат на работната сцена, но забележувате извесно неодобрување. Околината не е заинтересирана да ги поздрави вашите современи идеи за работење. Некој од соработниците претставува главна пречка во потполност да ги реализирате своите работно-финансиски намери во различни правци. 
Скорпија
Чувствувате креативна инспирација и потреба да ги проширите своите сознајни погледи. Различни работни шанси делуваат многу поттикнувачки и поучно, поради тоа насочете ги своите итнересирања  кон корисни цели. Важно е да го прилагодите својот професионален стил и вредносни критериуми кон заедничките интереси. Кога се поклопуваат вашата добра волја и творечка енергија, тоа донесува посебен ефект.
Стрелец
Во достоинствен стил и без непотребни прашања прифаќате нечие критизерско мислење или коментари кои не ви се допаѓаат. Не можете да правите преодни компромиси кои не се во согласност со вашите морални начела, сега е доцна да ги корегирате своите пропусти или да ја менувате работната стратегија. Насочете ја својата креативна енергија во корисен правец и стрпливо почекајте на соодветни услови.
Јарец
Во некои неочекувани случувања или во необични ситуации на работната сцена, мора да делувате многу трезвено Во состојба на резигнација и препреки, можна е погрешна ориентација или да создадете негативна тензија меѓу соработниците. Понекогаш постојат проблеми кои бараат фаза на креативна инкубација, пред да се искристализира добра одлука и позитивно решение
Водолија
Поттикнати сте од некоја приказна за службена соработка, ве привлекува идеја за нови професионални можности, различни повластици или општествен престиж. Вашите идеи се вклопуваат во заедничките интереси, така што соработниците со доверба ви ја препуштаат водечката улога. На многу успешен или ефикасен начин, може да завршите низа на работни договори на различни страни.
Риби
Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и имате мнгоу амбициозни работни планови. Со одредена доза на мудрост и со добро осмислени потези, лесно може да ги остварите своите работни намери. Не криете дека имате високи барања во секој поглед. Добрата проценка на работните шанси со организираност и прецизност, донесува нов успех. 

Пронајдете не на следниве мрежи: