Неделен хороскоп 20.01-26.01.2014

Неделен хороскоп 20.01-26.01.2014Овен
Колку и да сакате во понеделник и вторник да се поставите како авторитет, луѓето во вашата околина нема така да ве доживуваат. Ако навреме увидете каде грешите, ќе бидете во можност да ги поправите работите. Во спротивност, постои опасност вашиот углед непоправно да го уништите. Во среда доста ќе размислувате за некои семејни работи. Стаблиноста е таа на која ќе посветите најмногу време. Пад во енергијата е можен во петок, но за викенд, расположението ќе ви го поправат пријателите и саканиот(ата).
Бик
Многу позитивни изненадувања ве очекуваат оваа недела. Ќе бидете свесни за себе во секоја смисла, и за своите доблести, но и мани, но прифатете се себеси и знајте дека никој не е совршен. Вашиот позитивен став ќе го приметуваат луѓето од опкружувањето, па ако сте во потрага за работа, големи се шансите да го воодушевите идниот работодавец. Среда ќе помине во некои значајни откритија. Овој ден е погоден за учење или за професионално усовршување. Петок и сабота ќе поминат во знакот на романтиката и добрата забава. Во недела, наместо да сеодмарате, ќе мора да направите некои поправки поврзани со вашиот дом.
Близнаци
Во понеделник ќе бидете слепи за некои некои битни работи кои други лица ќе ви ги презентираат, но вие сте толку самоуверени и сметате дека сте во право, што тоа апсолутно не ви е битно. Подоцна, во текот на неделата, ќе увидете дека сте погрешиле, но тоа нема да сакате на никој да го признаете. Во среда ве очекува романтично излегување ако сте сеуште сингл или пак одење на вечера со моменталниот партнер. Некои семејни тајни ќе испливаат на површина во петок, а вие ќе бидете прилично изненадени од информациите. За викенд посветете внимание на здравствената ситуација. Ќе ви одговара некоја спортска активност, но и заминување во спа центар.

 
Рак
Вашите обврски и завршувањето на започнатите работи во почетокот на неделата ќе ви бидат во прв план и гледајте се да решите во понеделник и вторник, бидејќи тогаш вашата енергија ќе биде поволна за тоа. Иако звучи досадно, се што ќе направите ќе ви биде од корист. Во средината на неделата веројатно ќе се фокусирате на некоја одредена личност. Тоа може да биде пријател, колега од работа или важен член на семејството. Немој да давате од себе повеќе отколку што можете, туку направете пауза и задоволете се себеси. За викенд неочекувано ќе научете нешто ново, или пак ќе сфатите дека долго сте грешеле во врска со нештошто вие е важно. Не се нервирајте.
Лав
Смирете се и бидете многу внимателни во почетокот на неделата. Вие можеби не сте единствените кои мора така да постапите, но секако сте некој кој ќе биде од пресудно значење во ситуациите во кои ќе се најдете. Бидете подготвени да направите добар план и да се придржувате! Само така ќе можете квалитетно да ја завршите работата која е пред вас. Домот и семејството би можело во средината на неделата да имаат посебни барања од вас. Нека не ви биде тешко да поправите некој дефект или да дадете пари на член од семејството… Викендот ви донесува добра енергија. Поминете си добро во некој клуб или организирајте романтична вечера за саканата личност.
Девица
Во почетокот на неделата ќе бидете малку повлечени, но тоа на некој начин ќе ви се исплати. Во понеделник поминете некое време сами и одморете се од друштвото и другите луѓе. така ќе го вратите изгубениот баланс. Во вторник и среда фокусирајте се на технологијата. Поправете го компјутерот или надоградете го, илипак, ако сте во можност почастете се со некој нов уред. Кон крајот на неделата ќе имате помали проблеми на работното место. Немој да дигате преголема галама и да правите поголем проблем отколку што е, туку останете смирени. Викендот е поволен за занимавање со антиквитети.

 
Вага
Во понеделник ќе бидете преплавени со позитивна енергија. Отворете го своето срце и помогнете на некој близок, а кој е во проблеми и очекува помош од вас. Вие сте таа личност на која и е дадено да помогне. Во вторник и среда ве очекува важен разговор кој ќе ви донесе напредок и успех во кариерата. Запомнете се што ќе слушнете и бидете сконцентрирани и внимателни на то што ќе го кажете. За викенд ве очекуваат прекрасни моменти со семејството. Останете дома или организирајте заедничко дружење во природа.
Скорпија
Во понеделник и вторник ќе имате впечаток дека нешто чекате цела вечност. Не е во прашање работа која претерано ве интересира, но просто мора да бидете стрпливи. Во средината на неделата свртете се кон социјалниот живот и дружењето. Не пропуштајте да поминувате време со пријателите. За викенд можно е да имате потреба за шопинг. Обидете се што е можно подобро да се организирате, како би ги избегнале непредвидените трошоци.
Стрелец
Започнете ја неделата со волонтерска или хуманитарна работа. Ако сеуште немате пристапено на некоја доброволна организација или здружение, сега е идеална можност тоа да го направите. Обидете се во среда или четврток да не бидете расеани – потребно е да бидете со бистар и неоптеретен ум и фокусирани наактуелната работа. Некои професионални обврски ќе бараат ваша потполна концентрација. Прилив на позитивна енергија и оптимизам ве очекуваат во петок. Оваа состојба ќе потрае во текот на целиот викенд. Сите од вашата околина ќе го приметат вашето восхитување.

 
Јарец
Неделата ќе ви започне во знакот на љубовта и со романтични моменти поминати со партнерот. Ќе бидете поврзани и на професионално ниво, но ќе имате многу шанси да се опуштите и да уживате, работејќи работи кои ги сакате. Средината на неделата ќе биде обележана со убави работи – ќе имате доста можности да трошите пари исклучиво на себе, а притоа да не оставите поголеми последици на вашиот буџет. Во четврток и петок, прифатете ја помошта од некоја личност која добро ја познавате. Можно е во нешто да грешите, а за тоа да не сте свесни. За викенд, ќе размислувате со некои интензивни емоции за смислата на животот
Водолија
Како што неделата ќе одминува, така се повеќе ќе размислувате за вашето здравје. Потребна ви е физичка активност, но и да поведете сметка за исхраната. Можно е да водите неадекватен начин на живот. Некоја конфликтна ситуација со некој од вашето опкружување е извесна во среда. Ќе направите работи за кои подоцна сигурно ќе жалите, па потрудете се колку што е можно побрзо да ги поправите грешките. Во четврток и петок, парите ќе играат важна улога во вашиот живот. Не се впуштајте во ризични парични инвестиции. Викендот поминете го занимавајќи се со некои интелектуални прашања.
Риби
Некоја личност од спротивниот пол ќе ви помогне да ги разрешите сите деловни проблеми кои ги имате.Но се се одвива под голема тајност. Тоа од една страна ви одговара а од друга ве загрижува.Вашиот партнер од друга страна ве притиска и сака да започнете нова фаза во заедничкиот живот. Вие сте исплашени а тоа се одразува врз вашиот деловен живот. 
Република
 Овен
Колку и да сакате во понеделник и вторник да се поставите како авторитет, луѓето во вашата околина нема така да

Пронајдете не на следниве мрежи: