Неделен хороскоп 27.01.2014-02.02.2014

Неделен хороскоп 27.01.2014-02.02.2014Овен 
Работите скоро воопшто нема да се одвиваат во ваша корист во почетокот на неделата, но последно што треба да направите е да се жалите и галамите. И понатаму треба да се придржувате на правилата и да бидете релативно по страна, бидејќи на вашата директност никој нема да одреагира. Тек во четврток ќе иматеможност да дојдете до израз. Мора да имате на ум дека се доаѓа од вашата глава и дека нервозата и претераната напнатост не можат да ви донесат добро. Вашиот ум се враќа на вистинскиот пат тек за викендот, кога ситуацијата ќе почнете повторно да ја согледувате со јасен поглед.
Бик
Почетокот на неделата е поволен за осврнување на претходниот период и за сумирање на впечатоците. Вашиот мозок ќе биде активен и способен се да согледа на најдобар можен начин и да ги донесе вистинските одлуки и решенија. Од среда вашите мисли ќе одлутаат во психоанализа и соништа, па постои можност привремено да изгубите контакт со реалноста. Водете сметка декаги имате исполнето основните обврски кои не може да чекаат. До крајот на работната недела во вас нешто ќе „удри“ па повторно ќе се спуштите на земја. За викенд ве очекува важна вест во врска со семејството или некој драг пријател.
Близнаци
Во почетокот на неделата покажете со што се располагате. Се работи за тоа дека во себе имате енергија и сила која многу луѓе ја немаат. Пренесете ја на млитавите луѓе на работа, искористете ја за поправка на односите во семејството, за подобрување на квалитетот на врската – се е можно за вас. Ваквото расположениеќе ве држи се до четврток. Тогаш е можен конфликт со некој кој има авторитет над вас. Ако не успеете јазикот да го држите за заби, ќе дојдете во ситуација да бидете губитник. За викенд ве очекува позитивно време, поминато со саканите луѓе. Уживајте!

 
Рак
Оваа недела ќе имате на ум многу работи и ќе се грижите дали ќе успеете да постигнете се. Со оглед дека неможете сите да ги задоволите и во иста мера да се посветите, поставете приоритет. Во вторник е важно да бидете фокусирани на работата и да искористите една можност која дополнително ќе ви се укаже. Иако целата ситуација е нејасно, бидете храбри и верувајте во себе. Не плашете се од иднината и фактот дек од почетокот нема да имате поддршка. Во среда ќе примите вест од пријател кој веќе не е дел од вашиот живот или пак со него ретко се гледате. Обидете се да го обновите вашиот однос. Четврток и петок се денови кога треба некои работи во вашиот живот да ги направите поедноставни.
Лав
Нови луѓе влегуваат во вашиот живот на почетокот на неделата и ви го внесуваат потребниот оптимизам и верба во човештвото. Некои разочарувања од минатото конечно ќе ги оставите позади себе. Во вторник избегнувајте ги конфликтите, но ако сепак во нив се затечете бидете мудри. Ова посебно важи за оние кои се во работен однос. Ќе мора од некои работи да се откажете во среда и четврток и да прифаатите дека повеќе не се дел од вашиот живот. Саботата поминете ја со семејството. Ве очеква пријатен викенд без стрес и грижи.
Девица
Работата и размислувањата за финансисите ќе бидат доминантни во почетокот на неделата. Посветете се на колегите на работа и на своите вработени доколку ги имате. Морате понекогаш да ги слушнете нивните потреби, како ппдоцна однив би добиле позитивни повратни информации. Меѓучовечките односи на работното место ќе бидат во криза се до четврток, кога стресот полека ќе спласне и ќе можете да се опуштите. Во викендот влезете со насмевка. Бидете позитивни и флексибилни кога другите луѓе се во прашање. само со позитивен став ќе привлечете позитивни околности.

 
Вага
Вашата енергија во почетокот на неделата ќе биде бајковита. Ќе им одоговарате на пријателите бидејќи ќе ширите исклучително позитивни вибрации каде и да се појавите. Се до среда ќе имате силна волја и желба да уживате во животот, но тоа ќе пречи на некој од вашето опкружување. Обидете се да не бидете премногу саможиви и свртени кон исполнување на личните задоволства. Натој начин би можеле да доживеете непријатност. Во четврток ќе имате да извршите некоја важна задача. Од вас ќе зависат многу работи. Обрнете внимание и тргнете во акција. Обидете се да завршите до крајот на работната неделета, бидејќи за викенд нема да имате контрола над себе.
Скорпија
Во почетокот на неделата ќе бидете загрижени за многу работи. Обидете се она што е значајно прво да го изработите, а подоцна доколку ви остане време, посветете се на маргиналните работи. На вас е да одлучите што е примарно. Ако не сте сигурни, ризикувајте. Битно е да бидете активни. Во четврток посветете се на саканата личност, тако што ќе и приредите нешто романтично. Ако сте слободни, постои можност да налетате на личност со која ќе се вплеткате во тајна романса. Водете сметка тоа да не добие фатални последици. За викенд експериментирајте во кујната. Тоа ќе ве опушти.
Стрелец
Ќе се чуствувате малку безволно и дезоринетирано на самиот поочеток на неделата, како да не знаете во кој правец да продолжите со животот. Не сте во состојба да се посветите на приоритетите, бидејќи не ве држи место. Од друга страна, ова е одличен момент да се посветите на внатрешното битие и да одвоите време за некои подлабоки размислувања. Во среда настапува време на промени. Одлуките кои тогаш ќе ги донесете ќе влијаат на вашата иднина. Во четврток е потребно внимание во сообраќајот. Конфликти со претпоставените можат да се очекуваат во петок, но тогаш би било подобро да се држите настрана.

 
Јарец
Од понеделник до среда, некој ќе се обиде да ја злоупотреби вашата добрина и искреност. Не дозволувајте ова да ви се случи. Некои понуди одбијте ги на време, за подоцна да не се почуствувате изиграно. Многу е важно во среда да внимавате насообраќајот и да се чувате од падови. Четврток е погоден за службени проекти кои неодамна ги имате започнато или за оние во кои вложувате најмногу енергија и време. Тој ден, дајте го својот максимум. Викендот е погоден за преуредување, реогранизација, од било каков вид. Позитивна енергија на најлесен начин ќе внесете во вашиот животен простор со купување на нов намештај или така што ќе подарите работи кои повеќе не ви требаат.
Водолија
Вашата личност, сила на карактер и стабилност и во најнепријатни ситуации ќе дојдат до израз во понеделник и вторник. Земете во заштита некој кој е слаб и немоќен да ги одбрани своите интереси. Исто така, ова недела е одлична за сите припадници на овој хороскопски знак кои сакаат да се занимаваат со хуманитарни или волонтерски работи. Среда е ден предвиден за нови откритија, нови сознанија. Можно е до вас да дојдат информации за нешто толку шокантно што ќе ви биде тешко да поверувате во тоа. Ако патувате до работа или сте врзани за работа во странство, може да очекувате некои исклучително поволни вести.
Риби
Свесни сте дека поминувате низ значајни животни промени, но на моменти не сте сигурни во ништо и во никого. Пријателите ве поддржуваат. Но, предизвиците на партнерски план, во одредени моменти ве загрижуваат и ве прават конфузни. Без никаков сомнеж, во текот на актуелната година ве очекуваат толку многу важни работи, па ова што се случува во моментов делува толку многу минорно, што би требало целосно да се занемари. Ќе имате можности за патување и веќе кон средината на неделата, односот со саканата личност го има својот сјај и убавина.
РепубликаОвен 
Работите скоро воопшто нема да се одвиваат во ваша корист во почетокот на неделата, но последно што треба

Пронајдете не на следниве мрежи: