Неделен хороскоп за 06.04.-12.04.2015

Неделен хороскоп за 06.04.-12.04.2015Овен
Благодарејќи на добрата проценка и ефикасната работна стратегија која ја применувате, ве очекуваат позитивни резултати. Заинтересирани сте за вредносни аспекти и работи кои донесуваат можност за лично напредување во различни правци.
Бик
Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма, така што делувате многу самоуверено и со многу барања на средбите со соработниците. На многу ефикасен начин умеете да ги спроведете правилата на успешно работење, кои оставаат позитивен впечаток на околината. Вешто применувате различни работни стратегии во зависност од актуелните теми и цели кои сакате да ги остварите. 
Близнаци
Делувате одлучно и упорно ги браните своите ставови, но постојат нови случувања кои дополнително ја отежнуваат вашата работна или општествена положба. Потребно е да ги исполнете основните критериуми кои ги поставуваат соработниците, наместо да провоцирате нова расправа или да се судирате поради различни интереси. 
Рак
Ангажирани сте на различни страни и делувате претенциозно на средбите со соработниците. Потребно е правилно да ја насочите својата творечка енергија или да ја засилите концетрацијата. Нечија асистенција при решавањето ан работните дилеми, ќе се покаже од голема корист.

 
Лав
Очекувате позитивни реакции и одговори на средбите со соработниците за кои ве врзуваат заеднички службени-финансиски интереси. Важно ви е да остварите перспективен договор во службениот дијалог и да сочувате контакти на различни страни. Јасно ви е дека постојат одредени фактори кои влијаат на завршните резултати и дека вашите визии не можат да се остварат без нечија поддршка.
Девица
Се наоѓате во фаза на креативен подем и поттикнати сте на нови работни решенија. На средбите со соработниците имате јасни визии и умеете добро да го процените редоследот на потезите. Потрудете се да ја добиете неопходната поддршка, постои лично која може да ги награди вашите интелектуални способности. 
Вага
Делувате снаодливо и многу сугестивно на својата околина, сепак тоа не претставува доволен услов или гаранција на професионален успех. Потребно е да се договорите за заедничко решние и подобро да ги заштитите своите работни интереси. Постојат спорни моменти во односот со соработниците, така што нечиј ветувања се подложни на неочекувани промени.
Скорпија
Чувствувате мала стагнација во творечкото изразување и потреба психички да се растеретите од натрупаните обврски. Важно е да ангажирате сигурни соработници, како би ги оствариле заедничките интереси во предвидениот рок. Препуштете на другите да се докажуваат во новите или експериментални ситуации. 

 
Стрелец
Субјективно ги толкувате новите случувања на работната сцена и невнимателно релативизирате нечиј способности. Потребно е да се усогласите со своите соработници околу уважувањето на различните работни итнереси, пред да изгубите драгоцено време и енергија. Без добар план и проценка, нема ниту значајно работно поместување или успех.
Јарец
Важно ви е да ги остварите своите работни цели на различни страни, меѓутоа постојат дополнителни компликации или соработници кои ги успоруваат вашите планови. Анализирајте ги работните итнереси од различни аспекти, потребно е да формирате листа на приоритети и нови критериуми при изброт на соодветните теми. 
Водолија
Важно ви е да ги проширите своите сознајни погледи и професионално да се усовршувате во различни правци, но приметувате дека околу вас се наоѓаат соработници од различни профили. Важно е да применувате проверени обрасци на успешно работење и да го сочувате добриот однос со соработниците. 
Риби
Чувствувате мал умор или недостаток на волја да се соочите со некои службени-финансиски проблеми. Важно ви е се да биде во идеален склад, но имате впечаток дека ви недостасуваат основни информации за новите случувања на работната сцена. За среќа, ве очекуваат позитивни промени, неочекувана добивка или добри услови за проширување на соработката.Овен
Благодарејќи на добрата проценка и ефикасната работна стратегија која ја применувате, ве очекуваат позитивни резултат

Пронајдете не на следниве мрежи: