Неделен хороскоп за 13.01 – 19.01.2014

Неделен хороскоп за 13.01 – 19.01.2014Овен
Како и да се чувствувате во понеделник, знајте дека не сте сами. Вторник е сјаен ден за комуникација. Среда и четврток, од друга страна, се денови кога ќе ви треба некое време да поминете сами и на тој начин да ги донесете одлуките кои морате. Само така ќе знаете како да постапите. Во петок е можна расправија со некој од комшиите. Ова е многу добро, бидејќи конечно ќе ги решите проблемите кои ги имате со нив. Сабота и недела ви донесуваат неочекувана среќа во љубовта. Нова романса е на повидок.
Бик
Во почетокот на неделата ќе имате две различни и спротивни мислења по прашање на нешто што ви е важно. Ѕвездите ви советуваат да престанете да гледате наоколу и да ја слушате само својата интуиција. Не плашете се дека ќе донесете погрешна одлука. До среда се ќе помине, а вие повторно ќе бидете спокојни. Во четврток и петок, исто така ќе бидете добро расположени и ќе цените се што имате. За викенд ќе бидете расположени за шопинг.
Близнаци
Во понеделник и вторник вашиот ентузијазам ќе има влијание на надворешниот свет. Кој цвет и да го допрете, ќе расцвета. Ваквото расположение ќе ви донесе успех во средината на неделата, само е важно да не се занесете и да не брзате премногу. Во четврток и петок ќе продолжете да бидете лековити за сите луѓе околу вас. Овој дар не трошете го на оние кои ви се споредни, бидејќи ќе ве исцрпат. Во сабота и недела ќе бидете брзи како ракета.

 
Рак
На самиот почеток на неделата, ќе се најдете во една чудна ситуација и просто нема да знаете како да постапите. Во среда ве очекува многу добра забава, па многу брзо ќе заборавете на сите непријатности. Не би било лошо да организирате семејно собирање во вашиот дом со вечера која сами ќе ја припремите. Во петок, ништо нема да биде толку интензивно како импулсот на вашите емоции. Доколку трагате за љубов, немојте да се изненадите ако со сопствената енергија се обидете да привлечете некој кој е во слична ситуација како вас.
Лав
Бидете подготвени за радикални промени во вашиот живот и тоа уште на самиот почеток на неделата. Можно е да престанете да поминувате време со некои луѓе, но тоа нека не ве загрижува. Во четврток продолжете да размислувате за смислата на животот и вистинските вредности. Големи се шансите да одлучите да се занимавате со хуманитарна работа. Ситуацијата ќе кулминира за викенд – ве очекува вистинска експлозија на љубов! Повеќе никогаш нема да бидете исти.
Девица
Секој мирис, боја и ствар ќе ве враќаат во минатото и ќе побудува во вас најдлабоки и нај тајни емоции. Во среда и четврток, вечери, забави, шармантни и пријатни луѓе ќе ве направат многу задоволни, а во петок конечно ќе реализирате некоја луда идеја која ја планирате веќе подолго време. Се во се, возбудлива недела е пред вас. И за викендот авантурата се продолжува и многу е можно да ја пронајдете и на патот до продавницата.

 
Вага
Во понеделник и вторник најдобро е да бидете љубезни со луѓето. Бидете подготвени да подадете рака и насмевка, бидејќи е многу веројатно дека ќе наидете на некој кој би можел да биде клучен за вашата кариера. Од среда до петок, нема да видете ништо и никого, освен работата која ќе ви биде преку глава. Ќе настане општа забуна! Викендот ќе биде обоен со убави соништа и надеж. Уживајте во друштвото на драгите пријатели.
Скорпија
Силната продуховеност овие денови ќе ве одведе во некои мисли и никако нема да можете да се приземјите и да бидете реални. Работата нема да ги трпи вашите длабоки и нејасни мисли. Обидете се да се приземјите, посебно во среда кога ве очекува важна средба која има врска со вашата кариера. Викендот е поволен за патување и заминување во природа. Обидете се да го избегнете ноќното излегување и заминете со саканиот(ата) или пријателите на планина или на бања.
Стрелец
Во понеделник и вторник пронајдете време за саканата личност. Секако, немојте премногу да мислите на сопствените желби, не двоумете се да го прашате партнерот што му е на ум. Во среда и четврток, ќе мора да се фокусирате на некои други луѓе најверојатно на службени соработници. Петокот е поволен ден да кажете колку ја цените нечија креативност – не двоумете се за комплименти. Сабота и недела се одлични денови за задоволување на некои ваши потреби поврзани со личниот развој.

 
Јарец
Иако на самиот почеток на неделата ќе чувствувате потреба за разрешување на некои проблеми од минатото, најдобро би било тоа да го оставите за некои наредни денови. Среда и четврток ќе ви одговараат за некои службени обврски. Бидете истрајни и во петок, кога ќе наидете на неразбирање и дофрлање од страна на партнерот поради тоа што малку време поминувате заедно. Обидете се да му објасните дека моментално поголемиот дел од работите не зависат од вас.
Водолија
Вашата главна задача во понеделник и вторник ќе биде натпреварот на самите со себе. Вашите интелектуални и работни способности ќе бидат на тест. Среда ќе помине во знакот на деталите, но во четврток и петок би било најдобро да застанете на момент и се што е околу вас да погледнете со поинакви очи. Во сабота ве очекуваат навистина многу случувања, па нема да можете во потполност да  се посветите на сите. Многу контакти ќе останат на ниво на необврзни разговори, но вие поради тоа нема многу да се возбудувате.
Риби
Размислувањето за вашето семејство е нешто на кое ќе посветите многу време, па и поголем дел од денот во понеделник и вторник. Поради некои случувања од минатото ќе бидете прилично загрижени, па најдобро би било да остварите средба со луѓето за кои мислите дека биле засегнати. Во среда повеќе ќе бидете фокусирани на себе – пронајдете начин да ја изразите креативноста која тогаш ќе се појави. Четврток и петок се погодни за кратко патување. Во недела свртете се кон пријателите и секојдневните обврски.Овен
Како и да се чувствувате во понеделник, знајте дека не сте сами. Вторник е сјаен ден за комуникација. Среда и четврто

Пронајдете не на следниве мрежи: