Неделен хороскоп за 14.10.2013-20.10.2013

Вашиот неделен хороскоп!Овен
Очекувајте почетокот на неделата да биде полн со изненадувања, а вие сте полни со ентузијазам. Ќе блескате. Веројатно и многу луѓе ќе сакаат да бидат во ваше друштво. Оваа енергија ќе се задржи се до среда. Во четврток и петок ќе бидете насочени кон деталите. За викенд посветете му се на вашиот дом. Уште не е време за одмор и забава.
Бик
Ако оваа недела се чувствувате особено дарежливи, помогнете им на другите луѓе колку и да можете. Се до среда ќе бидете во центарот на вниманието. Во четврток, петок и сабота посветете се на долгорочното планирање. Во недела фокусирајте се на вашите пријатели. Нема потреба да се сомневате во се.
Близнаци
Започнете оваа недела да организирате некоја забава. Енергијата во вас ќе биде многу силна и експанзивна. Ако седите во едно место ќе се наполните со негативна енергија, токму затоа направете нешто. Дури од четврток ќе бидете повторно способни да се вратите на секојдневните обврски. За викенд во очекува емотивна средба.
Рак
Потрудете се на самиот почеток на неделата да си ја гледате својата работа и да не се мешате во туѓите животи. Некое случување ќе ви го промени стандардниот начин на живот. Во среда вие ќе бидете лидерот. Задржете го оптимистичкиот став. Од четврток па се до сабота посветете им се на вашите пријатели.

 
Лав
Оваа недела ќе имате многу прилики да си угодите на себе си. Понеделник е одличен за остварување на некои амбиции, најверојатно оние кои одамна ги имате. До среда некои потреби ќе ги ставите во втор план. Четврток и петок дружете се со драгите личности. Не само што ќе ве очекува добра забава туку и ќе бидете во прилика да дознаете некоја тајна.
Девица
Бидете доследни на себе уште на почетокот на неделата. Не дозволувате никој да влијае на  вашето мислење. Во вторник ќе бидете во ситуација да бирате страна.  Од среда до сабота ќе ве следи среќата. Бидете храбри тие денови и подготвени за големи промени. Петок носи конфликти,ќе бидете нетолерантни кон секој што не се согласува со вашето мислење.
Вага
Во понеделник и вторник ќе чувствувате голема промена. Посветете внимание на нови идеи и деловни можности. Среда е ден кога треба да поработите на својата импулсивност. Од среда па се до недела емоциите ќе ви бидат нагласени. Викендот искористете го за завршувањето на многуте обврски.
Шкорпија
Не губите ги нервите поради мали работи. Потребно е да останете присебни. Четврток е одличен за експериментирање. Направете мала промена во изгледот. Во сабота внимавајте на финансиите. Внимавајте во последно време трошите многу.

 
Стрелец
Нови контакти ве очекуваат уште во понеделник. Вторник носи потешкотии во комуникацијата, но, треба да се посветите на индивидуалните проекти, па до недоразбирања не мора да дојде. Проблеми со партнерот може да се појават во четврток. Најдете време за саканата личност и проблемите брзо ќе исчезнат.
Јарец
На почетокот на неделата немојте да стоите во место. Во понеделник следете ги своите емоции и направете го она што го сакате. Нека не ве спречуваат предрасудите и мислењето на другите луѓе. На средината на неделата вашата креативност ќе биде на високо ниво. Во петок ќе претерувате со деталите.
Водолија
На почетокот на неделата преземете ризик особено кога љубовта е во прашање. Што и да е во прашање резултатите ќе бидат позитивни и ќе бидете наградени за својот труд. Од понеделник до среда ќе бидете мрзеливи. Вашиот ентузијазам доколку се задржи до крајот на неделата може да ви донесе позитивни промени на сите полиња. Во сабота и недела добро забавувајте се.
Риби
На почетокот на неделата нема да се чувствувате најдобро. Водете сметка да не станете многу критични кон другите. Ситуацијата ќе биде подобра од среда. Во четврток, петок и сабота, ќе биде потребно да се фокусирате на деталите. Вистинска забава ве очекува за време на викенд. 
 Овен
Очекувајте почетокот на неделата да биде полн со изненадувања, а вие сте полни со ентузијазам. Ќе блескате. Веројатно

Пронајдете не на следниве мрежи: