Неделен хороскоп за 27.06.-03.07.2016

Неделен хороскоп за 27.06.-03.07.2016Овен
Се наоѓате во сјајна ситуација да влијаете на одредени услови или на нов тек на случувањата на работната сцена. Важно е да го сочувате добриот работен рејтинг и да оправдате нечија доверба. Размислете за промена на досегашните критериуми, не дозволувајте некој да ви диктира одредени услови, приоритети или правила во службената соработка.
Бик
Делувате активно на различни страни и имате доволно самодоврба, што претставува добар предуслов за понатамошен професионален напредок. Умеете вешто да искомбинирате практични решенија со расположението на своите соработници и да остварите заеднички интереси. Бидете умерени при финансиските инвестиции. Вашиот работен успех се заснова на добрата проценка и на деталното планирање.
Близнаци
Го барате најдобрио начин да одговорите на нечиј барања и да ги сочувате своите работни интереси, така што чувствувате дополнителен притисок. Непотребно се оптеретувате со некои службено-финансиски договори кои немаат пресудно значење на вашиот статус или понатамошниот тек на случувања.
Рак
Се наоѓате во креативна фаза на творечки можности, ви се нуди нова шанса да остварите работно-финансиски успех или напредување на статусната хиерархија. Интересни идеи и работни понуди навестуваат долгорочен успех. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите намери и правилно да ги награди вашите професионални способности или заслуги.

 
Лав
Нови случувања на работата сцена или нечие однесување може да ве успорат во спроведувањето на важни планови. Но, со дополнителна упорност ве очекува добар епилог во секој поглед. Успехот има релативно значење и толкување, поради тоа своите идеи треба да ги пласирате на вистинско место или пред личност која има доволно слух за слични работни интереси.
Девица
Упорно ги браните своите работни или стратешки интереси, така што ве очекуваат бројни пофалби и признанија на различни страни. Нема потреба да правите работни компромиси, доколку тие не се во согласност со вашите морални начела и професионални манири. Ако некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, одговорете на начин кој подразбира почитување на работните правила.
Вага
Имате направено погрешна работно-финансиска проценка, така што ве очекуваат дополнителни компликации, но се може да се намдине на добар начин во договор со соработниците. Добро размислете на кој начин треба да ги сочувате своите професионални интереси. Важно е да се вратите на претходната позиција, бидете промислени нема потреба гласно да зборувате за своите професионални намери.
Скорпија
Делувате задоволно и го давате својот максимум, но понекогаш работните случувања излегуваат од строга контрола. Се обидувате да усогласите различни случувања и да оставите добар впечаток на својата околина. Ве очекува успех во работите кои добро се вреднуваат и котираат меѓу соработниците.

 
Стрелец
Добро сте информирани за новите ситуации на работната сцена и важно ви е да остварите низа на значајни цели. Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот од службените-финансиски преговри. Потребно е да придобиете нечија доверба, ве очекуваат и бројни повластувања во однос на соработниците.
Јарец
Посветете внимание на новите професионални можности, како би го прошириле своето сознание и искуство во различни области. Нема причина да се залажувате дека моменталните резултати се вашиот работен максимум. Ако премногу се опуштите и препуштите работите да одат по својот тек, некој друг може да ве потисне од „првите работни редови“.
Водолија
Делувате многу амбициозно и непрекинато ги проширувате своите професионални интереси, додека соработниците очекуваат конкретно да се изјасните за заедничките интереси. Бидете внимателни во комуникацијата со службените партнери, бидејќи погрешно протолкуваните информации или неразбирањето на правилата во заедничкото работење донесува нови компликации. Некој може да ги реши вашите финансиски дилеми.
Риби
Се имате подготвено за серија на нови случувања на работната сцена и сакате да се соочите со соработниците кои ја имаат изневерено вашата доверба. Се наоѓате во креативна фаза и имате големи работни амбиции. Во финансиска смисла добивате нечија поддршка. Проширете ги своите работни контакти во различни правци и преземете дополнителна иницијатива во согласност со актуелните случувања.Овен
Се наоѓате во сјајна ситуација да влијаете на одредени услови или на нов тек на случувањата на работната сцена. Важно

Пронајдете не на следниве мрежи: