Неделното попладне доби ново име – Бранч во Дистрикт бар и ресторан

Полека, но сигурно, Дистрикт бар и ресторан прерасна во култно место, лоцирано во строгиот центар на Скопје. Ентериерот, посебно креиран за секој гостин да биде опкружен со сето она што може да го вкуси, секојдневно привлекува посетители кои подеднакво уживаат, без разлика дали таму го пијат утринското кафе, ги одржуваат деловните ручеци и романтичните вечери или пак уживаат во коктел со пријателите.Менито на Дистрикт прикажува креативна софистицираност во кулинарството, создадена од шефовите на кујната, чија професија им е своевидна страст пред сè. Континуирано и посветено стремејќи се да ги задоволат барањата и вкусовите на своите гости, овој пат креираа одличен концепт, познат како Неделен Бранч. На овој начин, секоја недела во месец декември, започнувајќи од 11ти декември, од 11.00 па се до 15.00 часот гостите ќе можат да уживаат во т.н. задоцнет појадок сочинет од најразновидна храна, секогаш свежа и вкусна и во одличен избор на пијалаци.
За прв пат во Македонија се нуди светски популарното бранч (brunch) мени, што доаѓа од англиските зборови breakfast (појадок) и lunch (ручек), достапно за сите. Од сега, секое ваше неделно попладне може да добие нова димензија, затоа што Дистрикт бар и ресторан овозможи услови и понуди несекојдневна содржина за квалитетно исполнето време, покрај гастрономското уживање со уникатни видови храна и пијалаци, карактеристични за овој период од годината, со семејството или со најблискиот круг на пријатели.
Што се однесува пак до популарното мени на Дистрикт бар и ресторан, кое нуди спој на источноевропски и медитерански влијанија, сега е збогатено со новитети кои се вистински предизвик за гостите на ресторанот. Во менито се додадени повеќе видови тестенини, подготвени на нестандардни начини, специјалитети со висококвалитетни месни намирници, а приготвени на Џоспер скарата на јаглен и популарните десерти пред кои се поклонува целиот свет, како крем бруле и тирамису.
На гастрономската карта на главниот град на Македонија, заокружете го Дистрикт бар и ресторан, затоа што сега постојат многу причини да се најде во вашите фаворити за место кое во секое време ќе ви понуди врвна храна, уникатни пијалаци, професионална услуга и релаксирана атмосфера.Менито на Дистрикт прикажува креативна софистицираност во кулинарството, создадена од шефовите на кујната, чија професија им е своевидна страст пре

Пронајдете не на следниве мрежи: