Неговата мајка сакала да го абортира, но се предомислила. Денес е НАЈДОБАР фудбалер во светот!

Во новиот документарен филм за животот на фудбалерот Кристијано Роналдо, неговата мајка Долорес Авеиро открива дека сакала да ја прекине бременоста.Филмот е на режисерот Ентони Вонке  и ќе биде прикажан премиерно на 9 ноември во Шпанија, а е направен во соработка со португалската ѕвезда.Најинтересна беше изјавата на неговата мајка.„Не сакав да го родам Роналдо. Имав веќе три деца, со маж ми не се согласувавме околу неговата склоност кон алкохолот, но Господ сакаше да биде поинаку и денес сум горда мајка. Сѐ што имам денес му го должам на Кристијано“, изјавила Долорес.
Инаку, Роналдо бил воодушевен од идејата за снимањето на филмот бидејќи сакал светот да го види неговото вистинско лице.„Се надевам дека овој филм ќе ги увери гледачите дека Кристијано воопшто не е арогантен“, изјавил режисерот Вонке.
Филмот е на режисерот Ентони Вонке  и ќе биде прикажан премиерно на 9 ноември во Шпанија, а е направен во соработка со португалската ѕвезда.

Пронајдете не на следниве мрежи: