Нејмар: Два см од инвалидска количка

Бразилецот Нејмар се обратил јавно прв пат по повредата поради која го пропушти полуфиналето од Светското првенство.Во текот на натпреварот од четвртфиналето со Колумбија Нејмар го повреди пршленот по стартот на Хуан Сунига, а малку недостасувало да остане неподвижен.
„Не можам да кажам дека намерно ме повреди, не знам што размислувал во тој момент, но секој кој се разбира во фудбал знае дека тоа не беше нормален старт. Кога сакаш да фаулираш некого го удираш во зглоб, го туркаш, влечеш“, рекол низ солзи Нејмар.
Колумбиецот неколку дена по натпреварот му се јавил на Нејмар и му се извинил поради стартот истакнивајќи дека не го повредил намерно.
„Го прифаќам извинувањето но не можам да прифатам дека тоа беше нормален старт. Благодарен сум му на Бога што ме спаси, да беше ударот два см. пониско би можел да останам парализиран. Не го мразам Сунига, не не чувствувам ништо“, рекол Нејмар.
Бразил без Нејмар, но и капитенот Тијаго Силва, дожива дебакл во полуфиналето од Гернманија, беше поразен со дури 7:1.Во текот на натпреварот од четвртфиналето со Колумбија Нејмар го повреди пршленот по стартот на Хуан Сунига, а малку недостасувало да остане неподв

Пронајдете не на следниве мрежи: