Нејзината одлука е ода на храброста: На манекенка ѝ отстраниле 95 проценти од вилицата, ѝ рекле да абортира, а таа…

На манекенката Елизабета Булокова на 24 години ѝ бил дијагностициран рак на вилицата и од тој момент за неа почнала вистинска агонија.Ѝ кажале дека ќе мора да оди на операција за да ѝ ја отстранат зафатената коска, а потоа ќе прима и хемотерапија.
Но, тоа не било најлошото! Манекенката во тие моменти веќе била бремена!
Таа и сопругот Роман пред шокантните вести се радувале дека ќе станат родители. Докторите ѝ препорачале да абортира.

„Бебето беше многу активно во стомакот и често зборував со него додека беше во мојот стомак. Морав да му кажам да престане да мрда бидејќи не можам да го задржам и одеднаш мрдањето престана. Ме послуша, престана да рита“, раскажува Елизабет.
Во последен момент како чудо, се појавила можност за докторите да ѝ направат царски рез. Нејзиниот син Валентин се родил 10 седимци пред терминот. На интензивна нега поминл 51 ден.

 
„Си реков себеси- што и да ми подготвил универзумот, ќе прифатам. Доколку е предодредено моето бебе да се роди, ќе се роди“, објаснила младата мајка.

Хирурзите ѝ отстраниле 95 % од вилицата на Елизабет на операција која траела 16 часа, потоа примала и хемотерапија. Со оглед на тоа дека ѝ била потребна сила за хемотерапијата, а со новата вилица не можела да јаде нормално, минала низ пекол. Устата можела да ја отвара само пет милиметри и повеќето храна која ја внесувала била течна.
„Стомакот ми се собра, можев да јадам многу малку, но морав да тоа да го правам што почесто. Ми требаше еден час да изедам едно јајце“, објаснува манекенката.Ѝ кажале дека ќе мора да оди на операција за да ѝ ја отстранат зафатената коска, а потоа ќе прима и хемотерапија.
Но, тоа не било најлошото

Пронајдете не на следниве мрежи: