Нејзиното самоубиство го шокираше светот, но што навистина се случуваше во последните денови од нејзиниот живот?

Целиот свет остана зачуден кога манекената Руслана Коршунова (21), во 2008 година си го одзема животот скокајќи од деветтиот кат од зграда во Менхетен. Убавицата имаше успешна кариера и сите ѝ предвидуваа блескава иднина. Но, новите откритија за нејзиниот живот фрлаат нов поглед на нејзините последни денови од животот.Имено, неколку дена пред смртта, манекенката станала член на сектата „Роза на светот“.
Новинарот на „Њујорк дејли њуз“, Питер Померантсев, открива дека манекенката се зачленила во оваа секта. За да ја испита сектата и нејзиниот начин на функционирање, тој решил да стане член.
Питер опиша дека водачите на сектата имаат нехуман однос кон следбениците. Тој тврди дека состаноците се состојат од викање, конфузија и емоционална доминација. Водачите ги понижуваат и обвинуваат следбениците поради грешките кои ги имаат направено во текот на животот, а едниот од нив ја опишал Руслана како „типична жртва“.
– Руслана беше типична жртва. Понекогаш е подобро да се изврши самоубиство, отколку да ѝ се дава отпор на промената – изјави еден од водачите, кој не е именуван.
Таа се зачленила во оваа секта кога нејзиниот професионален, но и приватен живот, почнале да се движат по надолна линија. Посебно ја потресувале љубовните проблеми, бидејќи имала врски со побогати мажи – кои би ѝ купувале подароци, а  потоа би ја оставиле.
Нејзиниот најголем успех во кариерата беше кампањата за парфемот на Нина Ричи и од тој момент, па понатаму, постојано била окружена со моќни и богати мажи. Но, по раскинувањето со згоден и неименуван тајкун кој ветил дека ќе ја земе за жена, нејзината психичка состојба почнала да се влошува.
Приватните проблеми довеле до тоа да попушти во работата, поради што се зачленила во сектата. Недолго по пријавувањето за еден од нивните курсеви кој чини 300 долари од ден, таа беше пронајдена мртва на тротоар на Менхетен. Семејството и пријателите не верувале дека таа извршила самоубиство и мислеле дека некој ја убил.
Но, полицијата заклучи дека сепак станува збор за самоубиство, бидејќи Руслана со залет скокнала од прозорецот.
Имено, неколку дена пред смртта, манекенката станала член на сектата „Роза на светот“.
Новинарот на „Њујорк дејли њуз&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: