Кога манекенката Руслана Коршунова се уби на 21 година со скок од деветиот спрат од зграда на Менхетан, целиот свет беше шокиран. Убавицата имаше успешна кариера и сите и предвидуваа блескава кариера, но нови откритија за нејзиниот живот фрлаат ново светло на нејзините последни делови. Манекенката неколку дена пред смрта се зачленила во сектата „Роза на Светот“ (Rose of the World).Руслана за крактко време стана позната и ги красеше насловните страни на „Вог“ како и модните писти на на некои од најпоснатите модни креатори. За нејзината популарност била заслужна неверојатно бујната и плава коса како и нејзините сини очи.
Но, кога со скок од деветиот спрат ставила крај на својот живот, веднаш испливаа многу теории за тоа зошто се убила. Сега новинарот Питер Померантсев открива дека манекенката се зачленила во сектара „Роза на Светот“ непосредно пред смртта. За да ја испита оваа секта, и самиот новинар се зачленил.
Тој опишал како предводниците имаат нечовечен однос кон следбениците и тврди дека состаноците се состојат од дерење, конфузии и емоционална доминација. Тој вели дека видел како предводниците ги понижуваат и ги обвинуваат следбениците поради грешките кои ги правеле во животот, а еден од нив ја опишал Руслана како „типична жртва“.
„Руслана е типична жртва… Понекогаш е подобро да направите самоубиство отколку да се спротивставите на промените“ , изјавил еден од предводниците, кој не е именуван.
Таа се зачленила во сектата кога нејзиниот професионален но и приватен живот почнал да се движи по надолна линија. Посебно ја потресле љубовните проблеми, бидејќи имала врски со многу богати мажи- кои ја опсипувале со подароци а потоа ја оставале.
Најголемиот успех во нејзиниот живот е кампањата за парфемот на Нина Ричи, и од тој момент па натаму постојано била опкружувана со моќни, богати мажи. Но по раскинувањето со неименуван богаташ, кој и ветувал дека ќе ја земе за жена, нејзината психичка состојба наводно почнала да се влошува.
Приватните проблеми довеле до тоа да попушти во работата, поради што завршила во секта. Кратко откако се пријавила за еден од нивните курсеви кој чини 300 долари од ден – пронајдена е мртва на Менхетан. Семејството и пријателите не верувале дека се убила и мислеле дека се работи за убиство или несреќа.
Но полицијата заклучила дека се работи за самоубиство, бидејќи Руслана од прозорот рипнала со залет.Руслана за крактко време стана позната и ги красеше насловните страни на „Вог“ како и модните писти на на некои од најпоснатите модни к



