Некогаш биле порно ѕвезди, а сега се калуѓерки

Откако се соочиле со најразлични демони, од ужасно детство, преку дрога, до алкохолизам и многу други проблеми, овие порно ѕвезди ги замениле славата и парите стекнати во порно индустријата за тишинта во манастирите.1. Линда Ловеланс

Линда Ловеланс ( родена како Линда Сузан Бореман) светската слава ја стекнала со филмот „Длабоко грло“(Deep Throat). Во порно индустријата ја вовел нејзиниот поранешен сопруг, Чак Трејнор. Во бракот со Трејнор Линда трпела многубројни злоупотребувања. За време на бракоразводната парница, тврдела дека сопругот кој и бил макро вперил пиштол во неа и ја натерал да го сними филмот со кој стекнала планетарна слава. Кога на крај успеала да се разведе од Чак, ја напуштила порно индустријата и се свртела кон Бога, дури и се придружила во анти-порнографско движење.
2. Бети Пејџ

Бети Пејџ кариерата ја почнала како модел. Славата ја стекнала благодарение на експлицитните фотографии, во кои најчесто била врзана или облечена како садо- мазо господарка. Во 1955 година станала Плејбој лице на месецот, а подоцна и „Miss Pin Up Girl of the World“. Се´ се променило во 1959 година кога Бети престанала да се слика гола и се придружила во баптистичката црква.
3. Саманта Фокс

Оваа британка почнала така што нејзината мајка испратила фотографии од тогаш тинејџерката Саманта во весник за натпревар за модели. Мнпогу брзо (под притисок од родителите) се сликала топлес, што ја лансирало нејзината кариера. Саманта недолго потоа се нашла на насловната страна на Плејбој и станала пејачка. Но, Саманта ја напуштила индустријата за возрасни и одлучила еден период да се посвети на Бога.
 1. Линда Ловеланс

Пронајдете не на следниве мрежи: