Некогаш се „тепаше“ со Роналдо, денеска заработува како магационер

Нуџеин Геца е дефанзивец од Босна и Херцеговина кој кариерата ја градеше во клубови од оваа земја, а во 1996 година играше за својата репрезентација против Бразил каде задача му беше да го запре Роналдо.Фудбалскиот свет се прашуваше тогаш која е таа „Босна и Херцеговина“ откако во 1996 година одигра пријателски натпревар против големиот Бразил, тогаш актуелен светски првак од првенството во САД.
Бразилците победиле со 1:0 со доста маки, откако гол постигна еден од најдобрите играчи на сите времиња, Луиз Назарио Да Лима Роналдо.
Босанците можеа тогаш и да дојдат до водство со голот на Болиќ, но поради офсајд спречен беше шок во бразилскиот град Манаус.
Но, фаца на вечерта може да се каже дека тогаш беше дефанзивецот на БиХ, Нуџеин Геца. Тој беше задолжен за специјални задачи затоа што тогашниот селектор Фуад Музуровиќ му додели специјална улога. Геца мораше да внимава на Роналдо целиот меч.
-Тој натпревар ми е во срце, малку играчи може да се пофалат дека против најдобрите на светот. Изгубивме 1:0, поништен ни беше чист гол, кој го постигна Болиќ. Тој резултат со оглед на околностите беше одличен, бевме играчи во која многу играчи поминаа низ војна. На крајот на сето тоа победивме и заигравме фудбал, изјави Геца за „avaz.ba“.
На тој натпревар дресот го заменил токму со оној на Роналдо, кој и ден денес го чува, но за него од фудбалот не се живее. Работи во една компанија како магационер.
-И благодарам на мојата фирма која ми овозможи да заработам за леб, но мене душата и срцето ме болат за фудбал. Сметам дека тука уште можам да допринесам, вели тој.Фудбалскиот свет се прашуваше тогаш која е таа „Босна и Херцеговина“ откако во 1996 година одигра пријателски натпревар против големиот

Пронајдете не на следниве мрежи: