вторник, 24 ноември 2026
Најново

НЕКОИ ОД ВАС НАСКОРО НЕМА ДА МОЖАТ ДА СЕ НАЈАВАТ НА ФЕЈСБУК: ЕУ донесе драстична одлука!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со Предлог-закон се предвидува минималната возрасна граница за користење на социјалните мрежи, како Фејсбук, Снапчат и Инстаграм, но и на електронската пошта да се зголеми од досегашните 13 на 16 години, пишува „Хафингтон Пост“.
Ако предлогот биде усвоен, илјадници европски тинејџери за секое пристапување до социјалните мрежи, симнување апликации, па дури и користење на одделни веб пребарувачи, ќе треба да добијат дозвола од своите родители.
Ваквиот закон би можел да предизвика многу главоболки и за надлежните во Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Снапчат и Гугл, затоа што голем број од нивните корисниците се токму младите, кои само што навлегле во тинејџерските години.
– Подигнување на минималната возраст за користење на социјалните мрежи само ќе ги наведи младите да лажат за нивната возраст. Децата постари од 13 години веќе се навикнати да се служат со интернет на одреден начин, а поради ваквата ненадејна промена на правилата само ќе почнат да лажат, наместо да ги прашаат родителите за дозвола, предупредуваат противниците на законот.
Реакциите на младите на социјалните мрежи се уште полоши.
– Ова се еден куп глупости: Тоа нема да ги заштити тинејџерите, туку ќе ги замолчи, не е во ред, се само некои од коментарите.Со Предлог-закон се предвидува минималната возрасна граница за користење на социјалните мрежи, како Фејсбук, Снапчат и Инстаграм, но и на електронс

Поврзани вести