Некои работи што не сте ги знаеле за околината на Пехчево – II

Истражувањето на околината на Пехчево продолжува во авантуристичко запознавање со богатата флора и фауна како и ендемичниот растителен свет.Центарот на разноврсните лековити растенија може да се каже дека е селото Негрево. Во негова близина може да се најде ендемичното растение, инсектојадната Drosera Rotundifolia (округлолисна муволовка) или попозната меѓу локалното население само како муволовка. Дросерата е балкански ендемит, којшто го има уште во неколку балкански земји, но ова необично зелено-црвено растение што со своите бои ги привлекува инсектите, го има единствено тука.

Пехчевската авантура или патеката којашто води од селото Негрево до инсектојадното растение, е наречена Патеката на Петко и шумските жители и е обележана со едукативно – информативни табли. Покрај тоа, околината на Пехчево, а посебно селото Негрево изобилува со над десет вида печурки, секој специфичен според своите ботанички својства, примена и изглед.

Мувоморка змиска габа, буковка, црна труба, лисичарка, ливадските шампињони или лигавиот вргањ и уште ред други, можат да се најдат на секој чекор на падините од Малешевските планини. Покрај тоа што се непроценлив украс на планинскиот пејзаж, голем дел од овие печурки се вистински деликатес, некои имаат и лековите својства, а дел се и отровни.

Не помалку интересни за љубителите на недопрената природа и опојните мириси се токму лековитите растенија и чаеви, чијашто бројност и варијации на ова поднебје навистина импресионира. Овие предели и самата околина на Пехчево се познати по богатството од лековита флора која што заради чистата еколошка средина е посебно барана за чаеви и зачини. Бела и жолта ајдучка трева, диво нане, жолт и црвен кантарион, мајчина душица, маточина и надалеку омилениот планински чај се само неколку од многуте билки што можат да се најдат овде.

Сите препораки и дополнителни информации во врска со разновидната флора и фауна во Пехчево, посетителите може да ги добијат во новоотворениот Хотел Гогов. Хотел Гогов е единствениот хотел во Пехчево, лоциран во центарот на градот и располага со капацитети за сместување по светски стандарди, одлична услуга и богато мени од национални специјалитети. Подеднакво, хотелот е соодветен за конференциски и спортски туризам, а располага и со спа и фитнес центар за гостите.
Центарот на разноврсните лековити растенија може да се каже дека е селото Негрево. Во негова близина може да се најде ендемичното растение, инсекто

Пронајдете не на следниве мрежи: