Нелоски: Бројот на превезени патници зголемен за 309%, „Реално“ продолжува и со нови проекти за туризмот

Македонија денес е една од земјите во регионот која има значителен напредок во воспоставувањето на што поголем број дестинации во меѓународниот авионски сообраќај. Ова несомнено значи дека за Македонија за разлика од минатото, денес е земја која директно се поврзува со сите позначајни европски и светски дестинации, што значи поголема мобилност на граѓаните, стимул на туризмот, економската соработка, но и подобрување на можностите за образование и размена на искуства, особено на младите, истакна Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:
Фактите почитувани се очигледни. Во 2005-та бројот на вкупно превезени патници од двата аеродроми во Македонија изнесувал 579.913 патници, а во 2016-та година тој изнесува 1.794.376 патници. Тоа е покачување за 309%.
Македонија во 2005-та година била поврзана со 17 дестинации, денес Македонија е поврзана со 35 европски и светски дестинации. Тоа е повеќе од двојно. Македонија е поврзана со Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен, Меминген, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Братислава, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридрихшафен, Берлин, Копенхаген и Хановер, како и Загреб, Женева, Прага, Дубаи, Белград, Љубљана, Рим, Истанбул, Виена и Цирих.
Почитувани, овој резултат произлегува од бројните мерки и проекти кои се превземаат во насока на инвестиции во инфраструктурата и привлекување на нови авиолинии, но и заради инвестициите и проектите кои се превземаат во секторот Туризам.
Субвенциите за тур-операторите, евтините авиолетови до Македонија, изградбата на модерните плажи, пешачките патеки околу езерата и промоција на земјава како атрактивна туристичка дестинација на светските медиуми се само дел од мерките кои овозможија постојан раст на туризмот во последниве години и зголемување на бројот на странските туристи, а со тоа и бројот на патници кои ги користат авиолиниите од и до Македонија. Само за споредба во 2006-та година бројот на странски туристи изнесувал 202.357, а во 2016-та бројката на странски туристи е речиси за два и пол пати зголемена. Инвестициите во авиосообраќајот несомнено влијаеја на развојот на туризмот, а со тоа и на зголемување на приливот на средства во државата по овој основ.
Ова е резултат на модернизацијата на двата аеродроми, аеродромот во Скопје Александар Велики и аеродромот во Охрид Свети Апостол Павле како и зголемувањето на финансиската поддршка за воведување на нови авиолинии.
Само за споредба од 2012-та година до 2016-та година износот на финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии се зголемил од 25.651.713 денари на 104.075.000 денари.
Ова е од интерес пред се за младите кои на овој начин имаат прилика да се стекнат нови искуства, нови знаења и нови хоризонти.
Ова им овозможува на нашите бизнисмени во на развојот на својот бизнис и остварување на контакти со нивни бизнис партнери од останатите држави.
Потоа им овозможува на нашите туристички работници нови дестинации, но и претставува исклучително значаен момент како од аспект на  развојот на туризмот во Македонија односно од аспект домашната економија и за околу 20 стопански гранки кои директно или индиректно се поврзани со туризмот.
Во програмата Реално предвидуваме продолжување и нови проекти кои ќе значат поголем развој на туризмот во Македонија.
Бенефитот од инвестициите во авиосообраќајот е огромен и тоа ни дава храброст да продолжиме да работиме и понатака, затоа што Македонија е дел од светот и од Европа и мора да биде директно поврзана со нив.Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:
Фактите почитувани се очигледни. Во 2005-та бројот на вкупно превезени патници од дв

Пронајдете не на следниве мрежи: