Нелоски му порача на Богоев: Одговорот ќе го добиете од народот на 11 декември!

Гледам дека “жолти дуњи, и зелени борови, чекаат некакви одговори”, е па драг Богоев одговорот ти и твојата партија ќе го добиете од народот на 11 декември, тоа ќе биде најсилниот пораз кој вие и вашите некогаш сте го добиле, одговор за сите насилни сценарија, конфликти, за сите потценувања, пазарења и омаловажувања кон младите, му одговори претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски на Стефан Богоев од младината на СДСМ.-Лажното душегрижништво кое го промовирате не поминува. Прочитани сте. Велите знаете што му треба на младиот човек , ќе сте го ослободеле од некаков режим, аман Богац не ослобдувај, немој барем ти, се знаеме мало е Скопјево. Како ги дозна потребите за младиот човек, удобно возејќи се во една од 3те автомобили кои ги возите ти и твојата фамилија, или во еден од 4те стана или хациендата (со базен) од куќа која ја поседувате, или пак можеби поклони некаде на некој млад човек некоја од пратеничките плати кои ги доби а не ги одработи. Како може децата на црвената буржоазија на СДСМ да знаат што им треба на младите. Влезе ли Богац некогаш на државен факултет па да знаеш што им треба на студентите?…Јас прифаќам дебата ајде на најголемата дебата, пред најголемиот и најважниот фактор народот, пишува Нелоски на Фејсбук.
-Лажното душегрижништво кое го промовирате не поминува. Прочитани сте. Велите знаете што му треба на младиот човек , ќе сте го ослободеле од некако

Пронајдете не на следниве мрежи: