Александра Ковач е дел од жирито на новата сезона на Х Фактор која на пролет ќе почне да се емитува. Кантавторката тврди дека ниту татко и,ниту нејзината сестра до вчера не знаеле за учеството во ова шоу.-Не се двоумев дали да ја прифатам улогата на член на жирито и потполно сум свесна дека публиката ќе ме споредува со Кристина, со оглед на тоа дека таа учествуваше во првата сезона. Зошто да не? Мислам дека публиката добро не познава, бидејќи сме 25 години на музичката сцена и знае кој каков е, вели за српски Телеграф Александра која додава дека нема да биде строга за време на натпреварувањето.
Таа открива дека нејзиниот татко не знаел за нејзиното учество, додека за емотивниот партнер Роман, како што вели, нема тајни.
Сестрите Ковач со години се караат и не зборуваат, па во изјава за српски Телеграф, Александра открива која е нејзината желба поврзана со сестрата Кристина.
-Не сме се слушнале, но многу го сакам тоа. Таа е мојата сестра и ја сакам најмногу на светот, додава Александра Ковач.-Не се двоумев дали да ја прифатам улогата на член на жирито и потполно сум свесна дека публиката ќе ме споредува со Кристина, со оглед на тоа дека



