Нема гужви на патиштата ниту чекање на граничните премини

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги  задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. Патниот правец Скопје ­ Македонски Брод преку националниот парк „Јасен“ е пуштен за сообраќај за лесни возила.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај село Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Екипите на „Македонија пат“ продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачитеНа граничните премини нема подолги  задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринск

Пронајдете не на следниве мрежи: