Ненад има сида и принуден е да лаже: Кажувам дека имам леукемија, ме зарази девојка која знаела дека има ХИВ

Ја добив дијагнозата. Настана пекол. Сакав да се убија“, вели  несреќното момче.Ненад. Л. (45), од Србија,  во кревет  го  дочека денешниот Светски  ден за борба против ХИВ. Вирусот го  нападнал мозокот на Ненад од што  му  се одземени  десната рака и  нога.
„Вирусот го добив од девојка во 2001 година. Во моментот кога имавме сексуален однос таа знаела дека  е инфицирана и не ми кажа. Подоцна дознав дека заразила уште двајца. Умре. По шест  месеци нагло ослабев, губев сила и имав  постојано покачена температура“, рекол Ненад.
Додека ги чекал резулатите се тешел дека не е Хив позитивен. А потоа следел шок.
„Ја добив дијагнозата. Настана пекол. Сакав да се убијам. Едвај ме одвратија сестра ми и  зет ми. Тие се единствените луѓе на кои  им кажав што  всушност  се случи“, вели  тој и додава дека за семејството има леукемија, па затоа е често  во болница
Од тогаш не сум бил со девојка, немам пријатели. Во паничен страв сум да не заразам некого. Не сакам на некој  друг да му  се случи нешто слично како  мене. До  201 година бев келнер во  сопствениот ресторан. Веќе не можам ни да работам. Кога не сум овде, тогаш  сум на село, сам. Така ќе остане до крајот на животот“ вели тој.Ненад. Л. (45), од Србија,  во кревет  го  дочека денешниот Светски  ден за борба против ХИВ. Вирусот го  нападнал мозокот

Пронајдете не на следниве мрежи: