Неочекуван пресврт во животот на Бред Пит по разводот!

Помина речиси еден месец откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод на бракот и оттогаш се случија многу работи во домот на славниот холивудски пар.Анџелина Џоли и Бред Пит минатиот месец се разделија, а актерката поднела барање за развод во кое побарала и старателство над нивните шест деца.
Актерката му забранила на својот поранешен сопруг да ги гледа нивните деца и од 19-ти септември откако ги поднела документите за развод на бракот, славниот холивудски актер не ги гледал неговите деца – се` до минатиот викенд.
Како што пренесува британски Мирор, актерот конечно минатиот викенд поминал некое време со своите деца, после речиси еден месец.
Наводно е постигнат договор помеѓу Џоли и Пит кои, за потсетување, беа во љубовна врска речиси 12 години.
Освен тоа, во медиумите одекна вест и дека ФБИ се откажува од понатамошна истрага која ја започнаа обвиненијата на Анџелина дека Бред неодамна физички го злоупотребувал синот Медокс во приватниот авион.
Се чини дека можеби, работите за Бред Пит полека почнуваат да се движат во добра насока.Анџелина Џоли и Бред Пит минатиот месец се разделија, а актерката поднела барање за развод во кое побарала и старателство над нивните шест деца.

Пронајдете не на следниве мрежи: