Неочекувано финале на Африканскиот Куп

Фудбалските репрезентации на Нигерија и Буркина Фасо, ќе се борат за титулата, на 29-то издание на Купот на африкански нации (КАН).Нигерија, која во четвртфиналето го елиминира најголемиот фаворит, репрезентцијата на Брегот на Слоновата коска, во полуфиналето, лесно се справи со Мали.Нигеријците победија со 4:1, а целата работа ја завршија по еден час игра кога стигнаа до предност од 4:0 (Ечиџиле, Идеје, Еменике, Муса), почесниот гол за Мали го постигна Дијара.Буркина Фасо, приреди вистинска сензација со елиминацијата на Гана. Полуфиналето на овие две репрезентации беше решено по изведувањето на пенали, откако по 120 минути игра резултатот беше 1:1.Вакасо од пенал погоди за Гана, а резултатот го израмни Бансе.Финалниот меч, во кој Нигерија ќе ја брка својата трета, а Буркина Фасо првата титула на КАН, ќе се одигра во Јоханесбург, в недела, со почеток во 19 часот
МакфаксФудбалските репрезентации на Нигерија и Буркина Фасо, ќе се борат за титулата, на 29-то издание на Купот на африкански нации (КАН).

Пронајдете не на следниве мрежи: