Неписмените автори на некои од најпознатите книги

Постои голем број на светски познати автори на дела кои се едни од најчитаните на светот, кои за жал, биле „скарани“ со правилното пишување. 
Секој од нас барем еднаш во животот фатил книга напишана од некој од овие брилијантни писатели, и малку се збунил кога наишол на некоја грешка во пишувањето.
Џејн Остин
Авторката на славното дело „Гордост и Предрасуди“ имала сериозни проблеми со правописот. За среќа, на располагање секогаш и стоеле лекторите и издавачите кои ги издавале нејзините дела. Таа отишла до таму што едно нејзино дело било издадено под наслов „Love and Freindship“ наместо „Love and Friendship“ (Љубов и Пријателство).
Агата Кристи
Кралицата на крими-романите истот ака имала сериозни проблеми со правописот и ортографијата. Во своите романи често се случувало да ги преименува ликовите, на пример, од „Полковник Карбури“ да премине на „Пилковник Кербери“.

 
Ернест Хемингвеј
Еден од најпознатите американски писатели, член на оние од „Загубената Генерација“, често имал проблеми со правописот, особено со сегашнотот трајно глаголско време (Present Continuous Tense), па често се случувало наместо „loving“ да напише „loveing“.
Франсис Скот Фицџералд
На грешки во правописот не бил отпорен ниту славниот автор на „The Great Gatsby“. Во ова негово дело се пронајдени стотина грешки, како на пример „yatch“ наместо „yacht“ (јахта) или „apon“ наместо „upon“ (на).
  
Секој од нас барем еднаш во животот фатил книга напишана од некој од овие брилијантни писатели, и малку се збунил ко

Пронајдете не на следниве мрежи: