Пензионирана порно ѕвезда Азија Карера повторно се најде во центарот на вниманието. Полицијата неодамна ја уапсила поради возење во пијана состојба.Азија Карера, која денес скоро и да не личи на себе, уапсена е во Јута поради тоа што во алкохолизирана состојба управувала возило во кое се наоѓала и нејзината 10-годишна ќерка Каталина.
Минувачи пријавиле дека жена лежи онесвестена на клупа во близина на едно училиште во Сент Џорџ, а полицајците ја затекнале Карера во состојба на полусвест.
Ги одвела до својот автомобил и признала дека ја довезла ќерката на училиште во таа состојба.
Според извештајот на полицијата, Карера имала двојно повеќе алкохол во крвта од дозволеното, а за време на тестот кој опфаќа и одење по права линја. Паднала два пати.
Уапсена е поради возење во пијана состојба и загрозување на безбедноста на детето.
Вистинското име на актерката Азија е Џенет Стајнхаузер. Таа има 41 година.
Под името Карера стана вистинска порно ѕвезда со азиско потекло која освоила „порно Оскар“, АВН награда за актерка на годината. Со порнографија се занимавала од 1993 година до 2003 година, снимила повеќе од 400 филма, и воведена е во АВН куќата на на славните.
Азија Карера е родена во Литл Силвер, Њу Џерси. Како дете учела клавир и два пати настапувала во Карнеги хол пред да наполни 15 години. На 17 години побегнала од дома затоа што родителите вршеле преголем притисок врз нејзе.
Настапувала и како гого танчерка. По сликањето за еден порно магазин, снимила демо порно филм во 1993 година. На крајот на истата година се преселила во Калифорнија за да стане порно актерка, а во 2003 година се повлекла од работата.
Во 1996 година се омажила за Бад Лиј, режисер на порно филмови. Се развеле во 2003, но останале добри пријатели. Набрзо по разводот, повторно се омажила, овој пат за нутриционистот Дон Лемон кој починал во 2006 година во сообраќајна несреќа во Лас Вегас. Со него ја добила ќерката Каталина и синот Доналд Едвард Трети кој се родил неполни два месеци пред смрта на Дон.Азија Карера, која денес скоро и да не личи на себе, уапсена е во Јута поради тоа што во алкохолизирана состојба управувала возило во кое се наоѓал
Пронајдете не на следниве мрежи:



