Несекојдневна студентска приказна: Ја пронашол нејзината слика пред 3 години кај Правен факултет, а сега ја бара неа…

Еден студент од Универзитетот во Белград повеќе од 3 години како амајлија носи фотографија на непозната девојка, а сега одлучил да ја пронајде.Фотографијата почнала да кружи на интернет откако неговата другарка ја прикачила на Фејсбук, за како што наведува, да му помогне да ја пронајде.
– Другар ми оваа фотографија ја пронајде пред 3 ипол години кај правниот факултет и од тогаш ја носи како амајлија. Мислам дека е време да дознае која е оваа девојка. Ако некој ја знае, би било убаво да ми доставите нејзин контакт за да му помогнам на другарот во намерата да ја запознае својата амајлија – напишала другарката на Фејсбук групата „Студенти од белградскиот универзитет“.
Оваа објава предизвикала големо внимание кај членовите на групата, па така во коментари може да се прочитаат разни нагодувања за идентитетот на девојката.
Останува да се надеваме дека интернетот ќе го направи своето и дека овој романтичар конечно ќе ја запознае својата амајлија.Фотографијата почнала да кружи на интернет откако неговата другарка ја прикачила на Фејсбук, за како што наведува, да му помогне да ја пронајде.

Пронајдете не на следниве мрежи: