Несопирливо пропаѓа куќата во Ратево во која претстојувала мис Стон

Несопирливо пропаѓа споменот за мис Стон во Малешевијата.Куќата во Ратево, која ја чуваше приказната за престојот на американската мисионерка Елен Стон со комитите од четата на Јане Сандански за време на аферата од 1901 година во Малешевијата, со последните сили го одржува во живот настанот овековечен во револуционерната историја на Македонија. Во отсуство на некое спомен-обележје и со една распадната куќа во која чести гости се овците, остануваат само старите жители на Ратево да го чуваат споменот за мисионерката, пишува malesh-net.com.
Историчарите потврдуваат дека мис Стон неколку дена престојувала во Мaлешевијата. Ѕвонко Скендерски, кустос на Музејот на Берово, истакнува дека востаниците во еден период неколку дена престојувале во куќата на Гаштеовци, но морале и да избегаат од таму.
Скендерски , сепак, не наоѓа докумнети за раѓањето на бебето на Катерина Цилка во Ратево и вели дека бебето е родено на Пирин Планина, каде што била четата.Многу пати се најавуваше и се зборуваше за иницијативи за обновување на овој спомен на мис Стон во Ратево. Но од тие иницијативи ништо не е спроведено. Остануваат старите греди и урнатите ѕидови на куќата молкум да сведочат за аферата, која пред 112 години ги полнела насловните страници на европскиот и на амеркианскиот печат.Куќата во Ратево, која ја чуваше приказната за престојот на американската мисионерка Елен Стон со комитите од четата на Јане Сандански за време на

Пронајдете не на следниве мрежи: