Несреќа во циркус: 8 акробати паднаа на земја од 12 метри височина!

Во моментот кога акробатите виселе од платформата, користејќи ја исклучиво својата коса, целата конструкција се сруши на земјата во висина од 12 метри. На циркуската претстава во американскиот град Провиденс, вчера се сруши металната платформа што беше поставена над земјата и во таа прилика 9 луѓе беа потешко повредени – 8 акробатки и една танчерка, јавува АП.
Претставата беше одржана вчера сабајлето, според локално време, во центарот „Данкин донатс“. Локалните медиуми јавија дека животите на повредените луѓе не се наоѓаат во опасност.
Сидни Брег, 14-годишното девојче кое што беше во публиката, изјави дека сето тоа толку брзо се случило, што дури помислила дека тоа е дел од претставата.
-Слушнавме огромен тресок, а потоа и акробати како врескаат, кажа девојчето.
Погледнете го видеото:
На циркуската претстава во американскиот град Провиденс, вчера се сруши металната платформа што беше поставена над земјата и во таа прилика 9 луѓе

Пронајдете не на следниве мрежи: