НЕВЕРОЈАТЕН ГЕСТ од Саша Матиќ за болната Дона Арес

Пејачката Азра Колаковиќ, позната како Дона Арес води битка со опасната болест, а откако а прими првата хемотерапија, престојуваше на планински воздух. Таа одлучи да се лечи во една сараевска болница, а пресреќна е бидејќи ги има вистинските луѓе околу себе. Меѓу нив се и бројни колеги, а поединци од нов веќе и ја посетија. Популарната пејачка посебно ја израдува гестот на нејзиниот колега Саша Матиќ.
Имено, како што се пишува по медиумите Саша додека настапувал во една дискотека во Бихаќ, го запрал концертот и замолил за пет минути внимание, па на публиката им порачал:
– Вашата сограѓанка , а мојата драга колешка Дона Арес овие денови се бори со тешката болест и поминува низ многу тежок период. Јас и посакувам што побрзо да се опорави и што поскоро да си дојде во својот Бихаќ. Јас не сум од оние што само се смеат, паѓаат на приказни, однекаде се знаеме и затоа свити нешто народно, понашај се природно.

 

Овие зборови биле испратени со аплауз кој траел дури 10 минути, после што цела дискотека во еден глас скандирала: „Дона, Дона“.
Кога Дона дознала за ваквото случување се огласи на својот Фејсбук профил:
– Мојот колега и другар Саша Матиќ е голем, голем човек, дури и лекови ми испрати. Па, Саша има заедно да пееме, јас не се предавам ни тогаш кога ќе ми потонат сите бродови, не постои таква сила која ќе ме однесе на дното, а потоа повторно одиме да пееме нешто народнооо….Благодарам Саша и му благодарам на мојот народ. Ве сакам сите. Мене ме чува мојот народ. 
 Таа одлучи да се лечи во една сараевска болница, а пресреќна е бидејќи ги има вистинските луѓе околу себе. Меѓу нив се и бројни колеги, а поединци

Пронајдете не на следниве мрежи: