Неверојатен поглед на Млечниот пат!

Астрономите го фотографираа млечниот пат, на сосема нов начин со помош на опсерваторијата Апекс во Чиле!Проектот Апекс направи фотографија од нашата ганаксија, на која се гледа дури и ладниот гас кој и дава карактеристичен изглед на ноќното небо.
Телескопот е сместен на 5,100 метри надморска височина, а неговите белешки се споени со опсервациите добиени со помош на вселенскиот телескоп Планк, со кој управува Европската вселенска агенција.
– Проектот нуди возбудлив увид во тоа каде исчезнуваат новите генерации на големите ѕвезди. Комбинирајќи ги резултатите на телескопот Планк, сега можеме да составиме поширока слика – објаснуваат од Институтот за радио-астрономија Макс Планк во Бон.
Новата фотографија покрива 140 степени  во должина и три степени по широчина од Млечниот пат.
Погледнете како изгледаат фотографиите од централниот дела на нашата галаксија, снимени на различни бранови должини, на следната страна:

Проектот Апекс направи фотографија од нашата ганаксија, на која се гледа дури и ладниот гас кој и дава карактеристичен изглед на ноќното небо.

Пронајдете не на следниве мрежи: