Неверојатно, Барселона ќе игра во СЕХА лигата

Ракометниот гигант Барселона, од следната сезона би можела да се натпреварува во регионалната СЕХА лига, пренесува хрватскиот портал „index.hr“.
Порталот повикувајќи се на генералниот менаџер на Загреб, Анте Карачиќ,објави каталонскиот клуб се заинтересирал за ова натпреварување, откако беше објавена информацијата дека рускиот енергетски гигант „Газпром“ во СЕХА лигата ќе вложи 1,5 милиони евра.
„Бидејќи шпанската лига е се послаба, Барселона покажа интерес за СЕХА,која доколку во неа се вклучат Унгарците, Словенците и Полјаците ќе стане најсилната лига на светот“, рекол Карачиќ за Хрватската телевизија.
Карачиќ потврдил дека преговорите со челниците на Барселона ќе продолжат во Скопје, кога ќе се игра завршниот турнир во СЕХА лигата.
МакфаксРакометниот гигант Барселона, од следната сезона би можела да се натпреварува во регионалната СЕХА лига, пренесува хрв

Пронајдете не на следниве мрежи: