Неверојатно: Маќеата ја откри темната страна на Опра

Барбара Винфри, која е маќеа на познатата водителка Опра Винфри, по 18 месеци долгото судење доби налог да се исели од куќата која и беше подарена од страна на Опра и сега буквално ќе остане на улица. Затоа Барбара одлучила да прекине со молчењето и конечно прозборе за тоа каква е Опра во приватниот живот.Опра е несигурна и незадоволна
Барбара се омажи за таткото на Опра во 2000 година. Тогаш Опра им подари куќа во вредност од 1.4 милиони долари, која се наоѓа јужно од Нешвил. Меѓутоа, после 12 години Вернон поднел барање за развод. Оттогаш Барбара се борела да ја задржи куќата која и беше дом повеќе од една деценија, но дознала дека Опра уште од самиот почеток била сопственичка на таа недвижнина.
-Опра е многу манипулативна и итра, го третира семејството како да се нејзини слуги и го користи своето богатство за ги контролира другите. Таа и нејзиниот дечко Стедман не се заедно бидејќи се сакаат, туку затоа што знаат премногу тајни еден за друг, но заедно имаат и повеќе пари, изјави Барбара.
Таа исто така истакна дека „вистинската Опра“ е личност која е незадоволна од самата себе, но и дека е одмаздољубива кон оние кои што и се спротивставуваат.
-Нејзиниот имиџ се заснова врз тоа дека е фина, внимателна, дарежлива личност, но воопшто не е така. Таа сака да ги контролира луѓето и со сите има договор за доверба. Таа ги натера луѓето да ги потпишуваат тие клаузули и сега ги врти околу малиот прст, тврди Барбара.

 
Иако делува како фина личност, Опра ги третира луѓето како слуги
Барбара тврди дека Опра отсекогаш се држела на дистанца со неа и дека секогаш ја испитувала за сите работи што се случуваат во нивниот живот. Исто така, ретко им дозволувала да преспијат кај неа дома, па најчесто преспивале во хотели.
-Никогаш не ни дозволуваше да заборавиме дека сме „пониска класа“ во однос на неа. Секогаш кога доаѓаше кај нас не критикуваше што немаме врвна памучна постелнина, што немаме поголеми и помеки пешкири и поголеми шољи за кафе. Во една прилика кога доаѓавме кај неа, се јави на интерфон и рече: „Стигаат црнчиштата, стигаат црнчиштата.“ Тоа е многу навредливо, посебно затоа што сме постари од неа, продолжи Барбара.
-Спиев покрај нејзиниот татко и се грижев за него 14 години, а таа никогаш не сметаше дека сум доволно вредна за да разговара со мене. Имам 66 години, останав без пари и дом…кој сега ќе ми издаде куќа под кирија? Морам да излезам оттука на 29 мај и ќе останам на улица. Опра можеби има право да го направи ова, но дали е тоа исправно? – заклучува Барбара.Опра е несигурна и незадоволна
Барбара се омажи за таткото на Опра во 2000 година. Тогаш Опра им подари куќа во вредност о

Пронајдете не на следниве мрежи: