Неверојатно, но вистинито: Хилари Клинтон има шанса да стане претседател на САД!

Пред два дена Илајџа Берг од Северна Каролина создаде петиција за изборот на Хилари Клинтон за претседател на 19 декември, кога изборна комисија ќе гласа за нов претседател на САД.Во петокот наутро бројот на поддршка за петицијата беше половина милион луѓе, а нивниот број се зголемува вртоглаво. Петицијата е споделена над 2,5 милиони пати, а за 24 часа собра над 3 милиони потписи.
Незадоволни од победата на Трамп – либерали и прогресивни, се фатија за помислата дека не е доцна да го запрат со помош на изборната комисија. Во вторникот изборите ги оценија само оние кои се 538 електорати за секоја држава. Токму овие луѓе ќе гласаат за претседател на 19-ти декември.
Гласањето одамна е чисто церемонијално, но може да ѝ донесе победа на Хилари Клинтон.
Колку и да е чудно, тоа е можно технички – САД уставно му го дава правото на електоратот за последен збор.
Како дејствува изборната комисија?
Кога Доналд Трамп и Хилари Клинтон ги освоија гласовите државите во вторникот, тие практично обезбедија места за електоратите во овие држави. На пример, победата на Трамп во Алјаска ѝ донесе на Републиканската партија три електорати – поранешниот гувернер Шон Парнел, Џаклин Тупоу и Керолин Лијмон.
Овој процес беше извршен во сите држави и доведе до селектирани 538 членови на електоратот. На 19-ти декември членовите на електоратот ќе гласаат за претседател, овластени од соодветните држави.
Колку и Американците да навикнале оваа свечена церемонија да ги потврди резултатите од првичното гласање, можно е од чисто техничка гледна точка електоратот да се сврти против својата држава и да гласа за кого сака.
Одењето против гласот на народот или целосното воздржување од гласање, е познато како „неверно гласање“. Но, неверното гласање е крајно ретко и повеќе од 99 отсто од електорите низ американската историја гласале согласно изборот на народот, покажува анализата на „Њујорк тајмс“.
Во многу случаи, поточно во 29 сојузни американски држави, „неверните електори“ се принудени да платат парична казна ако гласаат против изборот на народот, но казните се ниски.
Потписниците на петицијата се согласни да ги платат тие казни за електорите што ќе гласаат за Хилари Клинтон.
„Неверното гласање“ никогаш досега не му го одзело претседателското место на некој победник на изборите, но дури и да се случи бројот на „неверните гласови“ да е мнозински, нивната одлука мора да биде одобрена од Kонгресот, кој треба да се состане на 6 јануари, но таму контролата е во рацете на Републиканците.Во петокот наутро бројот на поддршка за петицијата беше половина милион луѓе, а нивниот број се зголемува вртоглаво. Петицијата е споделена над 2,5

Пронајдете не на следниве мрежи: