Невистина и манипулација е тврдењето на Сугарески дека автопатот Миладиновци-Штип ќе чини дополнителни 20 милиони евра

Невистина и манипулирање на јавноста е тврдењето на министерот Горан Сугарески дека новиот автопат Миладиновци – Штип ќе чини дополнителни 20 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и го прашува од каде му е таа информација. Ве повикуваме и овој пат јавно да излезете пред граѓаните, ама овој пат да ја говорите вистината и да објасните што има во тој документ што денеска го изнесовте пред јавноста. За да биде појасно, се работи за информација доставена до Владата на Република Македонија во април 2017-та во која стои прогресот на извршените градежни работи на автопатот Миладиновци – Штип. Во истата информација стои дека се бара согласност од владата за продолжување на рокот на изградба на автопатот поради причини кои од градежна природа бараат дополнително време на изведување, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Според нив, во информацијата за предлогот за пролонгирање на изградбата на овој автопат стоело дека изведувачот се согласува да не покренува какви било финансиски побарувања заради загуби од режиски трошоци или изгубен надомест по основ овие исклучени работи. Тоа значи, посочува ВМРО-ДПМНЕ, дека за секоја дополнителна работа нема да биде потрошен ниту денар државни пари за изградба на овој автопат.
– Јавно прашуваме од каде ви е информацијата дека потребни се дополнителни 20 милиони евра, кога изведувачите на овој проект не побарале ниту еден денар дополнителни пари за негова дореализација. Се прашуваме дали со ова имате намера фирми блиски до СДС и Заев да влезат во изградба на овие најзначајни капитални проекти за граѓаните на Република Македонија. Крајно време е господинот Сугарески да почне да работи нешто. Граѓаните од него ги очекуваат ветените 600 километри автопат, 1.000 километри локални патишта и другите лажните ветувања од време на изборите, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ве повикуваме и овој пат јавно да излезете пред граѓаните, ама овој пат да ја говорите вистината и да објасните што има во тој документ што д

Пронајдете не на следниве мрежи: