„Невреме на векот“ се ближи кон Британија

Незапамтено невреме кое доаѓа од Атлантикот се подготвува да ја погоди Велика Британија и да предизвика ветер со орканска сила, дождови со полави.Најдлабокото и најсилното поле со низок притисок во последните сто години моментално се движи кон западниот брег на земјата, кое го следат џиновски бранови од 15 метри.
Овие застрашувачки слики покажуваат пораст на нивото на морето на чиј директен пат се наоѓа Британија, која, како што се очекува, денес ќе ја погоди силно невреме.
„Ова веројатно ќе бидат најекстремните пет дена со силно невреме во Британија и Ирска во последните 100 години, кои ќе ги надминат оние во декември 2010 година“, предупредуваат метеоролозите. Големото невреме ќе предизвика силни ветришта во поголемиот дел од Британија.
Непосредно пред невремето, измерен е притисок од 952 милибари, што значи дека ќе се изедначи со историското невреме од 1987 година, кое го предизвикало поле со низок приотисок од 951 милибар.
Овој пат, бранот од низок притисок ќе се поклопи со бранот ладен воздух од Африка и ќе предизвика силно невреме кое ќе го парализира животот. Феноменот познат како метеоролошка бомба значи дека притисокот нагло ќе падне и ќе предизвика силни ветрови и покачување на нивото на морето.
Метеролошката служба предупредила дека ветровите ќе постигнат брзина од 128 км на час додека ледениот арктички воздух од север во текот на викендот врнежите ќе ги претвори во снежни невремиња.
Агенцијата за заштита на околината предупредила на опасност од поплави ширум Велика Британија, а метеоролошката служба најавила пад на температурите при што најниската тепература во сабота наутро се очекува да биде минус пет степени целзиусови.
 Најдлабокото и најсилното поле со низок притисок во последните сто години моментално се движи кон западниот брег на земјата, кое го следат џиновски

Пронајдете не на следниве мрежи: