Nexus 5 официјално претставен!

По огромниот успех на моделот Nexus 4, компаниите LG Electronics и Google повторно ги здружија силите и го претставија првиот смарт телефон со најновиот Android™ 4.4, KitKat® оперативен систем.Благодарение на подобрените карактеристики и иновативните решенија, Nexus 5 претставува најтенок и најбрз Google Nexus телефон до сега. Восхитувачкиот Full HD IPS дисплеј и експанзивен екран со дијагонала од 5 инчи пружаат ненадминливо визуелно искуство. Овој ултралесен телефон доаѓа во две верзии, од 16GB и 32GB. Спојот на докажаниот LG хардвер и софтвер и услугите кои доаѓаат од компанијата Google, претставува совршена комбинација на силни перформанси, функционалност и удобност при користењето.
„LG е горд што, уште еднаш, во партнерство со компанијата Google, разви најбрз и најмоќен Nexus телефон до сега“, истакна др Jong-Seok Park, претседател и генерален директор на на компанијата LG Electronics Mobile Communications. Тој додава дека „Nexus 5 нуди ултимативна функционалност во пакувањето на модерен дизајн и покажува кое ниво на иновации може да содржи еден производ кога ќе се здружат две големи компании“. „Многу сме возбудени поради повторната соработка со компанијата LG на новиот Nexus телефон“, додаде Sundar Pichai, виш потпретседател за Android, Chrome и Апликации во компанијата Google.

Повеќе на: GSM.mkБлагодарение на подобрените карактеристики и иновативните решенија, Nexus 5 претставува најтенок и најбрз Google Nexus телефон до сега. Восхитувачк

Пронајдете не на следниве мрежи: