НЕЗАПАМЕТЕН ИНЦИДЕНТ: Дали го забележавте ова на Евросонгот?

Инцидентот што се случи со поништувањето на гласовите од Македонија и Црна Гора, како и случката пред самиот настап на српската претставничка Бојана Стаменов – не се единствените настани кои го уништија финалето на 60-та Евровизија. Имено, секој пат кога некој ќе дадел поен за претставниците на Русија, публиката којашто се наоѓаше во халата, громогласно свиркала.Ова го забележале и водителките кои рекле дека Евровизијата е музичко натпреварување во кое би требало да се отстрани сѐ она што би имало националистички црти.
Како што минувало гласањето, Русите сѐ повеќе водеа битка со претставниците на Шведска кои се победници на овогодинешното издание на Евросонг.
Инаку, тивките несогласувања помеѓу Русија и Шведска траат веќе подолго време, па така, во петокот, шведски бомбардери пресретнале руски авиони кои се наоѓале во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море.
Во последно време, Кремљ сѐ почесто ја критикува шведската власт која е сѐ поблиска со НАТО, иако порано не беше нивна членка.
Освен тоа, шведските разузнавачи минатата година ја предупредија светската јавност дека Русите се подготвуваат за војна, што предизвика вистинска бура. Евровизија треба да биде ослободена од политички игри, но се чини дека сѐ уште е најдобро место за такви „варијанти“.
Едно е сигурно: таа урбана и модерна Европа падна на најновиот тест – дозволи музичко натпреварување да биде обоено со политички превирања!Ова го забележале и водителките кои рекле дека Евровизијата е музичко натпреварување во кое би требало да се отстрани сѐ она што би имало национали

Пронајдете не на следниве мрежи: