„Независниот“ Чичаковски од ДИК на брифинг со заменик-министерот Николовски од СДСМ

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски попладнево во Скопје е забележан на средба со Љупчо Николовски, дополнителен заменски министер за земјоделие од СДСМ и со Игор Милев, член на ДИК од СДСМ.Според облеката на Николовски средбата се случила непосредно по денешната изјава која дополнителниот министер ја имаше со неговиот партиски колега Дамјан Манчевски.
 
Дали на средбата меѓу Чичаковски и Николовски се зборувало за тоа како е можно после сите измислици на СДСМ списокот на гласачи да е речиси идентичен како тој во 2014 година, или тројцата сосема случајно се нашле на иста маса, во моментов е непознато, пишува Пресс24.
Самиот Чичаковски, кој на фотографиите делува дека не е премногу воодушеден што некој го фотографира во друштво на Николовски и Милев, за себе тврдеше дека е „независен експерт“, а не партиска инсталација на СДСМ во ДИК, иако дел од медиумите објавија фотографии на кои се гледа Чичаковски во младоста во првите редови на митинг на Бранко Црвенковски.
 
ДИК пред неколку дена го усвои конечниот Извештај за спорните гласачи после чие отстранување од списокот, споредено со списокот во 2014, бројот на „неспорни“ гласачи кои ќе имаат право на глас во декември годинава е речиси идентичен.
Најголемиот број од отстранетите 30-тина илјади гласачи се од албанска националност. СДСМ од друга страна тврдеше дека на списокот има 500.000 фантомски гласачи, како обид за поткрепа на нивната теза од изборите во 2014 година. Тогаш СДСМ тврдеше дека победата на парламентарните избори им била украдена и дека разликата од 200.000 гласа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не била вистинита, поради што не учествуваше во работата на парламентот 15 месеци, пишува Пресс24.
 
Но, на сите вакви лаги кратки им се роковите на траење, па дури и ДИК предводен од „независниот експерт“ Чичаковски мораше да верификува дека сите небулози на СДСМ биле смислени само за да се бега од избори. Можеби на денешната средба членовите на СДСМ и Чичаковски зборувале токму за незадоволството од конечната официјализирана математика, во очи на изборите на кои, барем според анкетите, на СДСМ не им се пишува добро, пишува порталот.Според облеката на Николовски средбата се случила непосредно по денешната изјава која дополнителниот министер ја имаше со неговиот партиски колега

Пронајдете не на следниве мрежи: