Незрелата личност критикува, а зрелата дејствува

Важно е една личност да го разбере опкружувањето и да се разбере себеси.Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпознатите психолози на меѓународно ниво. Тој е и првиот човек што го развил системот на т.н. психолошки аикидо. Според овој систем, важно е една личност да го разбере опкружувањето и да се разбере себеси.
Ова се неговите најмудри совети за постигнување на тоа:
– Ако човек не може да каже ништо добро за себеси, а сака нешто да каже, тој одбира да зборува лошо за другите.
– Депресивната состојба му е дадена на човек, за да може да размислува за себеси.
– Никој никого не отфрла, само некој оди понапред. Така што, тој што останува позади смета дека е отфрлен.
– Ако мислите добро за себе, зошто е важно другите да мислат добро за вас?
– Способноста да се сака и добро да се поднесе самотијата е показател за душевна зрелост.
– Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата знае, но и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата делува.
– Јас не го знам патот до успехот, но сигурниот пат до неуспехот е желбата да им се допаднеме на сите. – Сакаш да го запознаеш својот најголем непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и сите останати ќе избегаат.
– Нема машка и женска логика, постои само способност и неспособност рационално да се размислува.
– Постигнете успех, навредите ќе поминат.
– Постои една најголема причина за раскинување и престанок на работата – неможност за личен раст во дадените околности. – Со пријателите е пријатно да се разговара, а со непријателите корисно.
– Со пријателите и непријателите треба да се дели само радост. Пријателите ќе се израдуваат, а непријателите ќе се вознемират.
– Не ја барајте среќата, никогаш нема да ја најдете. Таа ќе ве најде самата.
– Ако некому сакате да докажете нешто, значи дека живееш поради личноста на која сакаш да и докажеш нешто. Ако живееш поради себе, тогаш нема потреба никому ништо да докажуваш.
– Подобро е да се комуницира со добра книга, отколку со празен човек.
 Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпознатите психолози на меѓународно ниво. Тој е и првиот човек што го развил системот на т.

Пронајдете не на следниве мрежи: